Ова е една од оние „како-мене-не-ми-текна-ова" идеја - едноставна е, а ефектот е супер. Катчадуриан од 1993. копа по библиотеките на пријателите и јавните институции и има фотографирано 130 купчиња книги, односно има составено исто толку песни од нив. Наскоро издавачот Хроникл букс ќе објави книга која ги документира 20-те години од проектот. Нам засега ни води тешко преводливата: „Кастрати во опера/Приказната за музиката за орган(а)".