Bookbox

Зошто јапонските тинејџери ја користат свастиката на социјалните мрежи?

Ја препознаваме како симбол на нацизмот и антисемитизмот, но свастиката е широко присутна во древните религии, вклучително и во делови на Азија, каде означува „среќа“ или „милосрдие“. Од пред некоја година младите Јапонци го актуелизираат симболот, веројатно несвесни за бремето коешто тој го носи.

Радоста на мавањето со снежни топки низ историјата

Зимата знае да биде сурова, но истовремено да носи радост секогаш кога ќе падне снег. Низ времето, просторот или културите мал број активности се универзални, а една од нив е борба со снежни топки.

Дали влегуваме во период на пост-теориска наука?

Класичната научна методологија која вообичаено подразбира најмалку три фази, хипотеза-предвидување-тестирање, како да почнува да се напушта. Сè е забрзано и во голема мерка препуштено на машинско учење. Дали ова е привремена ситуација или знак дека нештата веќе никогаш нема да бидат како во времето на Њутн?

Сретен Божиќ: Србинот помеѓу австралиските Абориџини

На „опашката“ на актуелните настани со Ѓоковиќ на далечниот континент, искрснуваат приказни за други Срби кои „заглавиле“ таму, овој пат по своја волја. Новостекнатото име на еден од нив на јазикот на абориџините значи „утринска ѕвезда“. Му го доделиле како благодарност за неговото писателско залагање за нивните права.

Нов роман на Мишел Уелбек кој ги предвидува изборите во Франција во 2027

После „Серотонин“ од 2019, новата книга на Уелбек која излезе на француски на 7 јануари се вика „Уништи“. Во неа многумина препознаваат француски и европски политички фигури, меѓу кои и актуелниот претседателски кандидат, десничарот Ерик Земур.

Рецепти впишани на надгробни плочи

Наместо да ги кријат, некои луѓе одлучуваат да ги споделат своите најдобри рецепти „преку себе мртви“ - ставајќи си ги како епитаф. Главни се колачи кои потомците ги памтат како „заштитен знак“ на семејните прослави.

Како изгледал првиот скенер за магнетна резонанца?

Се викал Марк-1 и е првиот MRI скенер за цело тело кој се користел во клинички услови. Бил дизајниран и склопен во доцните 1970-ти, од физичари и техничари од одделението за медицинска физика на Универзитетот во Абердин, Шкотска.

„Гласот на господарот“: чудната приказна зад едно препознатливо лого

Кученцето кое стои пред фонограф е славен заштитен знак и лого на компанијата за производство на плочи RCA Victor. Истото, само како бронзена статуа и со грамофон се дава од страна на дискографската куќа ЕМИ на музичари или продуценти како награда по продадени повеќе од 100.000 плочи. Но приказната зад оригиналната слика е малку позната.

Најголемиот подарок што можете да го дадете

Непосветувањето внимание е форма на намерна дискриминација. Обратно, посветувањето должно и автентично внимание некому или на нешто е „најредок и најчист облик на великодушност“.

Инструмент на 2022: тапани

Од 2008, на почетокот на годината германскиот Музички совет Шлесвиг-Холштајн бира инструмент кому му посветува посебно внимание со организирање концерти и други настани. Оваа година честа му припаѓа на тапанот.

Што беше прво што го сонувавте во новата година?

И во нашата традиција она што се случува прво во новата година се смета за знак за она што ќе следи. Во јапонската традиција таков пророчки момент е првиот сон во новата година.

Новогодишни ветувања

„Цврсто решив - ветувања како овие горе/лесно е да ги даваш ама тешко се држат;/затоа им приоѓам со темпо “кон долоре“/за отстапувањата прекорно да не ми ’ржат.“

И на коњите им е Нова година, зарем не?

Во раниот 20-ти век во САД биле организирани божикни и новогодишни забави на кои главни ликови биле - коњи. Целта била да се поттикне свесноста за лошите услови на живот на овие сироти суштества, и да им се овозможи барем краток одмор.

„Повеќе книжарници отколку крави“: како книгите спасиле едно напуштено белгиско село

Пред околу 40 години, книгите извлекле едно белгиско село од сигурно пропаѓање и инспирирале формирање слични центри кои комбинираат туризам и читање. Сепак, денес тоа е повторно соочено со истиот ризик, затоа што во него веќе нема кој да чита.

На 1 јануари во јавен домен влегуваат „Вини Пу“, дело на Хемингвеј и голема аудио збирка

Во 2022 ќе згаснат авторските права за реобјавување, копирање и „ремикс“ на голем број дела, оригинално објавени во 1926.

Лудилото за решавање ребуси од 1937

Како заработувале Американците во текот на Големата депресија? Некои со продавање јаболки на улица, други напуштајќи ги градовите и почнувајќи да се занимаваат со земјоделие. Но некои се обиделе да се збогатат на друг начин: со решавање загатки. 

Најдобри подкаст епизоди за 2021

Медиумот на документаристичкиот и раскажувачки подкаст, кој не се сведува само на разговор снимен во живо, кај нас уште не е доволно познат, а уште помалку развиен. Мал прилог кон исправање на таа неправда кон овој прекрасен медиум.

99 фасцинантни наоди од 2021

Археолошките и културните откритија изминатата година барем привремено ни го одвлекуваа вниманието од пандемијата и купот други проблеми со кои се соочуваше светот. Смитсонијан објави дури 99 такви, организирани по категории, од исчезнати ремек-дела, кралски богатства, магични бродови до мистериозни и волшебни артефакти поврзани со обреди за коишто малку знаеме. 

Многу траума во уметноста е трауматично

„Траума“ вообичаено се смета за длабоко вознемирувачко и стресно доживување, кое може да го наруши психолошкото здравје и да влијае врз идното однесување. Како такво тоа е често користено во книги и филмови, како основа на заплетот или како негова позадина. Дали со ова трауматизираните се сведуваат на збир симптоми?

„Кур салон“: за лечење, коцкање и бирање мис на Југославија

Репрезентативна градба во Бања Ковиљача, во Србија, изградена во 1932. Иако асоцира на лекувалиште (од „кура“ - лечење), тукашните забави го дефинирале нејзиниот имиџ на тренди место каде се врткале политичари, богаташи и уметници. А можеби некој од нив и навистина се излечил.

Британските стравови за франкофонска Австралија

Раните француски истражувачи на континентот давале француски имиња на места и заминувале од таму со кенгури и други видови животни и растенија кои подоцна ѝ припаднале на царицата Жозефина. Главните колонијални конкурентни во оваа област на светот - Британците - почнале да се вадат од памет од мислата за „пофранцузување“ на Австралија.

Никој не е посебен: принципот на медиокритетност

Филозофска идеја која тврди дека она што се случува во светот е само последица на универзални, природни закони, правила кои важат насекаде и за сите. Низ призмата на овој принцип сето она што го сметаме за космички важно е всушност случајно, никој и ништо не е специјално, па ни ние.

Кој бил Милун Мрвиќ?

Во 2019 во Белград се одржува изложба со фотографии од збирка на Музејот на град Скопје, кои претставуваат значаен историски артефакт за југословенските 1930-ти, но истовремено фрлаат индиректна светлина врз ликот и делото на еден мистериозен уметник.

Исчезнатиот јапонски „трет род“

Во периодот Едо во Јапонија била вообичаена (дури и неопходна како животна фаза) родова меѓу-позиција за млади мажи, наречена „вакашу“, која по вестернизацијата на земјата исчезнала.