Радјард Киплинг
Новогодишни ветувања
1
Цврсто решив, си давам чесно ветување:
пороците ги фрлам на највисокиот рафт,
ќе преземам трезвен курс за управување,
кон соседите ќе бидам со љубезен драфт –
освен кон оние два-тројца што ме мразат
оти умислиле дека и со сенката ги газам!
2
Цврсто решив, на коцката турам крај,
немам среќа за карта што ќе добие,
банката ја бркам од минусниот рај,
се откажувам од алчно благоутробие –
освен кога другарите ќе речат мило
пред делење јас да го сечам шпилот.
3
Цврсто решив, нема веќе жешки танци
со млади наивки што Венера им е спас,
на нивните гувернанти не давам шанси
за надежи дека љубов нè пленила нас,
танц-подиумот труе на олтарски темјан
они се ортаци во оваа сомничава земја.
Треба ли десетте имиња да ги бришам?
Не, дур дишам од нив нема да се лишам!
4
Цврсто решив - ги продавам моите коњи
а не ми е ни да останат ни да ги шитнам;
кон патеките на злото далдисувам со нив,
ама напуштањето е работа многу битна,
не, ова ветување ќе го ставам на чекање,
во обид напуштањето да е без лелекање.
5
Цврсто решив – нема веќе кокетен флерт,
кон кавгите и неволјите тоа ме усмерува;
не дека преѓе сум пател од љубовен дерт,
ама страв од искушение нека ми втерува.
Ги изземам сал моите симпатии платонски
зашто они нема да ме потресат тектонски.
6
Цврсто решив, за цигарите дојде момент,
тоа „Дравата“ ме дави со одвратниот вкус,
немам пари да купувам господски „Кент“,
ама сепак пазам да не останам ептен кус;
веќе свикнав со кашлањето да се мачам
па купив фраерско луле и ќе пушам качак.
7
Цврсто решив - ветувања како овие горе
лесно е да ги даваш ама тешко се држат;
затоа им приоѓам со темпо „кон долоре“
за отстапувањата прекорно да не ми ’ржат.
Едно ветување годишно ќе е добра мерка -
со број два почнува оваа ветувачка ѕверка.
Препев: Љупчо Бочваров
Оригиналот тука