На почетокот на овој месец во Лондон беше изложен новопронајден цртеж на Албрехт Дирер (слика доле), кој бил купен на распродажба на имот во Масачусетс за 30 долари. Сега проценето на 50 милиони долари, претходно непознатото дело било погрешно идентификувано како модерна репродукција.
Други дела кои се повторно откриени во 2021 вклучуваат портрети од 16 век на Козимо Втори Медичи и Фердинандо Први де Медичи, пронајдени под гипс во магацин на галеријата Уфици во Фиренца, како и заборавена слика на Тајната вечера која се поврзува со Тицијан. „Заборавена“, затоа што сликата висела на црковен ѕид во Ледбери, Англија, повеќе од еден век. Таа била забележана од конзерватор кој бил донесен да работи на сосема други слики, а кој кога подобро ја проучил ја проценил како „малку специјална“.
Во категоријата „војување“, во Либан се откриени две масовни гробници на крстоносци од 13 век. Остатоците им припаѓаат на 25 млади мажи и момчиња на тинејџерска возраст, чии коски покажале знаци на брутално војување. Интересно е што повеќето од повредите се на грбовите на војниците, што сугерира дека тие можеби биле убиени додека бегале од своите непријатели. Преку нивните рани може подобро да се разбере грозната реалност на средовековното војување.
На друга, поромантична тема, во Скарборо, Англија, работници кои го реновирале хотелот Еспланад нашле серија рачно пишувани љубовни писма разменети помеѓу војник неговата девојка помеѓу 1941 и 1944. Во Либек, Германија, археолози откриле необично сочуван колач, делумно пеплосан од британското бомбардирање на овој град во март 1942. Иако однадвор е поцрнето, колачето од внатре е меко, како да е правено пред некој ден.
Годинава што изминува голем дел од наодите се направени од аматери-археолози или од поединци кои просто наишле на историско богатство. Тинејџери во Англија нашле ретки артефакти како бронезена секира, древна амајлија за плодност и ретка сребрена пара. Имало и пронаоѓачи кои се служеле со детектори за метал и нашле викиншка „касица-прасица“ полна сребреници, 2000 години стар римски нож или „пирамиди“ од злато и скапоцен камен за мечови, декоративни додатоци за покривање на остриот врв на сечилата.
Еден од најголемите наоди беше до сега единствената бремена египетска мумија и два милениума стариот гроб на дете и кученце на полски гробишта на жртви од чума од 18 век (слика погоре). Од областа на ритуалот и таканаречените суеверија, истражувачите откриле над 4000 години стара изрезбана змија која во камено време можеби била користена од шаман во тек на обреди за кои денес малку се знае.
Помеѓу откритијата кои сепак неславно завршиле спаѓа наодот на недопрено 1000 години старо јајце од кокошка во Израел. И покрај сите мерки при вадењето на јајцето експертите несакајќи го скршиле. Поголемиот дел од содржината истекла, но тимот сепак сочувал малку од жолчката за ДНК анализа.
Сите 99 откритија тука