Bookbox

Кокаинот на Шерлок Холмс: магичниот раствор од 7%

Вториот роман од серијата за Шерлок Холмс, „Знакот на четворката“, објавен во 1890, почнува со тоа како големиот детектив отпакува поткожна игла од својот несесер, си го поткрева ракавот и се подготвува да си стави инекција. „Кокаин“, му вели тој на љубопитниот доктор Вотсон, „седумпроцентен раствор. Сакаш?“. Така станува најпознатиот фиктивен лик - корисник на оваа дрога.

„Шејкерси“: сектата која промовирала отфрлање на сексот

Христијанска религиска заедница со потекло од Велика Британија, била позната по тоа што доживувала епизоди на „тресење“ по целото тело од верски занес во текот на проповедите. Пристигнале во САД во 1774, и не биле пречекани со ентузијазам. Една од причините било нивното отфрлање на бракот и телесните задоволства воопшто.

Кажи ми што слушаш, ќе знам кој си? Не баш.

Доколку користите каква и да е апликација за слушање музика, алгоритамот за кратко време почнува да ви го учи вкусот, па во еден момент изгледа како тој/таа/тоа да ве познава повеќе од некои реални луѓе. Но дали групирањето на одредени бендови и жанрови навистина го отсликува нашиот карактер? Дали психолог би можел да направи проценка на типот на личноста само врз основа на плеј-листа?

Како за Валентајн: рачно направена „порнографија“ (во светот и кај нас)

„Рачно правена“ е веројатно намерна игра на зборови во наслов на книга на Лиза З. Сигел од 2020, која се рекламира како „прва историја на американската ракотворена и домашно изработена порнографија“. А не дека нема таква и кај нас. 

Интернет како машина за мрчење

Истото она што ги тера луѓето да се јавуваат на отворените телефонски линии во телевизиските програми каде дури и водителот ги слуша со половина уво, ги тера и постојано да коментираат под туѓи постови, без оглед на темата. Некои луѓе едноставно се чувствуваат обврзани да имаат став и мислења за сите горливи прашања, и нив да ги искажат во форма на неконструктивно мрчење.

Професорот кој го собира и чита севернокорејското ѓубре

Од амбалажа за благца до пакетчиња нудли, професор Канг Донг-ван собира отпад кој се трупа на брегот на Јужна Кореја, а морето го носи од онаа Северната. Притоа, она што го наоѓа разбива стереотипи, но и укажува на еколошки и други проблеми за кои малку се зборува кога се во прашање овие две земји.

Вордле помогна во спасување заложничка

Бабичка од Чикаго била спасена од 17-часовно заложништво откако полицијата била алармирана врз основа на една загрижувачка околност: жената не го испратила на ќерка си својот дневен резултат на играта, нешто што никогаш не пропуштала да го стори. 

Во 1704 Њутн предвидел крај на светот во 2060

Станавме резистентни на толку честите изјави за крајот на светот, кој до сега требаше сто пати да исчезне, сосе нас во него. Но разликата помеѓу ваквите предупредувања денес, и оние од минатото, е што порано јазот помеѓу оние кои се повикувале на натприродни сили и оние кои сметале дека апокалипсата ќе се должи исклучиво на човекот не бил толку голем. Напротив - во групата на првите имало и големи научници.

„Улица на кошмарите“: книгата според која е правен новиот филм на Гиљермо дел Торо

Новиот филм на мексиканскиот режисер со Бредли Купер, Кејт Бланшет и Руни Мара црпи од два извора: крими роман од 1946 и првиот филм снимен според неа од 1947. Вистинските кошмари на авторот на книгата се убедливо преточени во „ноар“ приказна, која во реалниот живот завршила подеднакво мистериозно.

Друштвената игра која се игра 1.500 часа

Се вика „Кампања за Северна Африка“ и е единствена игра во својот жанр, а тоа е - ептен долга. Не само што ако се игра два пати неделно по три часа би биле потребни дваесет години за да се заврши, туку со оглед на димензиите на таблата, и тоа што е за десет играчи, работата си бара и да се изнајми цела кафана. 

Застава, ЕИ Ниш: приказни од фабриките

Нова изложба „За фабриките и работниците“ во Музејот на Југославија во Белград тематизира пет големи индустриски постројки, низ кои се отсликува приказната за југословенскиот самоуправен социјализам.

Баталете Вордле - фатете го кодот на Дикенс

Архаичната стенографија на славниот автор им ги мати умовите на експертите повеќе од еден век. Неодамна завршен натпревар во дешифрирање на „чкртките“ фрла нова светлина на неговиот љубовен живот и финансиските проблеми.

Политичкото движење на „Незнајковците“

Првично, The Know Nothings биле тајно здружение на мажи кои се противеле на католицизмот и имиграцијата и ширеле ксенофобични ставови. Иронично, но биле прогресивни кога станувало збор за правата на жените, работничките права и регулирањето на индустријата. Името потекнува од одговорот кој требало да го даваат кога ќе биле запрашани за детали околу движењето: „Не знам ништо“.

Штрумфови и Тинтин на новите белгиски пасоши

Растенија, орли, поранешни претседатели, светци, значајни историски фигури. Дизајните на пасоши обично следат одредени конвенции. Но од оваа недела сите нови пасоши на Белгијците ќе содржат - ликови од стрипови!

Антисемитизмот на авторот на децималната библиотечна класификација (и врската со зимската Олимпијада од 1932)

Обично антисемитизмот го поврзуваме со Втората светска војна, холокаустот и Германија од крајот на 1930-тите. Но примерот на Олимписките игри во Лејк Пласид, САД, во 1932, покажува дека неговите корени се историски подлабоки, и географски пошироки.

Рецептот за палачинки на Џон Лок

Филозофот кој ги има поставено концептите за владеење кои денес ни се познати како либерализам, имал и свој начин на подготовка на палачинки. Рецептот со негов ракопис неодамна се појави на социјалните мрежи.

Сопственикот на циркус кој умре бранејќи го својот лав

Канарски острови. 1930-тите. Кога од Големиот југословенски циркус кој гостувал таму избегал лав, жандармите почнале да пукаат. Марко Ѓорѓевиќ, директорот на циркусот, умрел бранејќи го.

Што не е во ред со извиканиот Данинг-Кругер ефект? 

Омилената теорија која ја користат сите, од психолози преку новинари до твитерџии, за да објаснат зошто некомпетентните луѓе не знаат дека се всушност такви, можеби била погрешно сфатена сите овие дваесет и кусур години. А можеби нејзината валидност денес почнува да се преиспитува затоа што веќе не е политички коректно некому да му кажеш дури ни дека е глуп.

Кога Новак Ѓоковиќ се борел во Првата светска војна

Проект за архивирање на семејни фотографии од Првата светска војна открива интересен детал за предок на тенискиот ас, од кого тој го наследил името.

„Улис“ полни 100: зошто Џојс бил опседнат со специфична сина корица?

Пролетта 1921, Силвија Бич, париски издавач, се фалела со своите планови за објавување роман за кој велела дека е ремек-дело кое ќе биде запишано помеѓу класиците на англиската книжевност. Првото издание на таа книга, под наслов „Улис“, излегло на 2 февруари 1922, на 40-тиот роденден на нејзиниот автор, кој особено бил заинтересиран за еден детал - каква боја ќе биде корицата.

Лажниот „принц на спиритуалистите“ кој самиот ги разоткри своите тајни

Бил лажен „медиум“ од Флорида, кој поради своите скандалозни измами за малку ќе бил застрелан. Зошто тогаш самиот ги разоткрил финтите со кои се служел и тој, и сличните на него?

Јапонските будистички текстови за неписмени

Дури и со наставните помагала на 21-от век, пишуваниот јапонски не е нешто што може лесно да се совлада. Пред неколку стотини години било уште потешко, особено за оние кои требало да ги учат сутрите, или светите будистички текстови. Решение - нешто слично на денешното читање преку емотикони.

Њујорк Тајмс ја купи виралната игра Вордл(е) за многу пари

Креаторот Џош Вардл е „превозбуден“ што весникот ја презема интернет сензацијата и ветува дека таа ќе остане бесплатна. Некои од играчите се сепак скептични и стравуваат дека големата инвестиција вака или онака ќе треба да се врати.

Жената којашто може да види 100 милиони бои

Како девојче, Кончета Антико секогаш била малку поинаква од другите деца, но биле потребни децении за таа да открие дека буквално го гледа светот на различен начин.