Bookbox

„Ме слушаш ли?“ - 125 години од првата радио порака

На 13 мај 1897 Гуљелмо Маркони ја испратил првата радио порака по воздушен пат, додека бил на посета на приморско одмаралиште во Сомерсет, Британија. Тоа било експеримент кој подоцна спасил стотици животи и го променил начинот на кој светот комуницира.

Петок 13-ти: тепачки за мртвите

Во текот на 19 век, растојанието помеѓу живите и мртвите почнало да се зголемува. Болниците и лекарите, погребалните претпријатија, здравствените власти, сите тие работеле на тоа мртвите да се оттргнат од интимноста на своите домови. Властите почнале да ја заменуваат заедницата и семејството како „старатели“ на покојните. Ова создавало „викенд на мртовци“ ситуации, на кои бевме сведоци и во текот на пандемијата.

Понг - половина век од првата видео игра на светот

Бела точка која скока по мониторот и две линии наместо рекети кои ја одбиваат. Во 1972 Атари ја пушти „Понг“, првата видео-игра наменета за широка публика. Од тогаш до денес многу нешта се променија, но не и потребата да се брка топче по екранот.

Реални интервјуа со луѓе кои живееле во 1800-тите

На светот (колку што знаеме) веќе нема луѓе што се родиле во 19 век. Во 2018 почина Таџима Наби, Јапонка на возраст од 117 години, родена во 1900-та технички последната година од тој век. Но затоа тука се подвижните слики и звукот како чувари на спомените на луѓето родени претходно.

„Пост-читачки блуз“: тагата кога ќе се заврши добра книга

Не важи само за книги, туку и за филмови, серии (особено за серии со голем број сезони) и други искуства кои ни овозможуваат втопување во друга реалност која ни нуди нешта што поретко ги добиваме во оваа - возбуда и исполнетост. Но кога книгата ќе заврши, тогаш - што?

Се правдала зошто извршила плагијат, со текст кој содржи плагијат

Онлајн есеј на авторката Џуми Бело во кој таа објаснува зошто во својот роман користела материјал кој бил плагијат е повлечен од познатото списание ЛитХаб, откако некој сфатил дека таа, пишувајќи го, повторно нешто украла. 

Зошто сите постери за комедии имаат огромни црвени букви?

Од најновиот „Нан“, преку постарите како „Има ли пилот во авионот?“ или „Американска пита“, еден шаблон постојано се повторува во дизајнот на постерите за комедии. Кој и кога го започнал овој тренд?

Сенката на еден 90 години стар Пулицер врз Њујорк Тајмс

Денес, 9.5, навечер по македонско време, ќе бидат соопштени добитниците на овогодинешните Пулицерови награди. Во досегашната историја на ова престижно признание убедливо води Њујорк Тајмс, со 132 добитници кои објавувале на неговите страници. Но војната во Украина фрли сенка врз eден награден од пред речиси еден век.

Необични приказни за знамиња

Љубителите на серијата „Биг бенг тиори“ знаат за „Забава со знамиња“ (Fun With Flags), видео блогот што го снима Шелдон за само неколкумина гледачи (всушност, само за себе). Но приказните за некои од знамињата се навистина интересни. Во една од нив две држави случајно сфатиле дека имаат исто знаме.

Како да зафркнеш цензори

Британски режисер, како форма на протест, снимил десетчасовен филм кој извесен Одбор за подобност требало да го гледа за да му додели маркица за категорија гледачи. Цели 607 минути овие зјапале во - ѕид.

„Глупав“ или еден од најславните коњи во историјата

Како што Букефал е нераскинливо поврзан со Александар Македонски, така Бабиека е подеднакво важен историски лик за Шпанците колку и нивниот национален херој, Ел Сид. Потеклото на неговото име има врска со една легенда.

Златна машина за куцање: Гугл вклучи функција на „инклузивен јазик“ во своја апликација

Гугл Докс овој месец воведе „воук“ функција, со тоа што ги предупредува корисниците кога внесуваат англиски зборови или изрази коишто алгоритамот ги смета за неинклузивни, како „полисмен“, „фајрмен“ или „хаусвајф“. За среќа, дури и нај „разбудените“ се нервираат некој постојано да им мрчи додека куцаат. 

Пензионерка украла уметничко дело - палто и си го поправила кај шнајдерка

Шеташ низ музеј и гледаш работничко палто како виси на шајка. Си велиш - веројатно го заборавил молерот или водоводџијата. Си го ставаш во торба и спокојно си заминуваш. Нештата кои се во џебовите ноншалантно ги фрлаш, несвесен дека уништуваш уметничко дело. 

Нова книга на Дејвид Брн - „Историја на светот во вињети“

Книжарите и критичарите имаат проблем да ја категоризираат оваа книга, која е комбинација на зборови и цртежи, за човечките вистини кои се разоткрија особено за време на глобалната пандемија, која стана споделено искуство на нашиот животен век.

Лоши „вајбови“: музичката нота од која облева студена пот

Морничавата моќ на одредено ниско „ла“ е само една од мистериозните вибрации истражувани од композиторот Ричард Мејнворинг во неговата нова книга.

На меѓународниот ден на џезот: кога Дерида го интервјуираше Орнет Колман

Филозоф и музичар - на прв поглед не баш најприродниот пар, но кога зборуваат Дерида и Колман, на теми како импровизација, јазик и расизам, тоа делува баш така, многу хармонично и природно.

Големата бензинска измама од 1916

Денес, да се појави некој којшто тврди дека од вода може да направи бензин (и да го демонстрира тоа), веројатно ќе биде прогласен за божество. Тоа за малку ќе му се случело на еден изумител, само што испаднало дека неговиот „бензин“ е сепак малку „зачинета“ вода, доволно колку да проработи моторот, а потоа многу бргу да кородира.

Како се знаело каде се локалните граници пред географските карти?

Денес постојат знаци на влезот на градовите, обележани гранични премини помеѓу државите. Дури и на микро ниво се знае каде завршува а почнува една општина или населба. Но во минатото ова знаење било пренесувано усно, а утврдувано преку различни начини на помнење на физичкиот простор.

Приказната за Фу-го, балоните-бомби кои Јапонија ги пуштала преку Тихиот океан врз САД

При крајот на Втората светска војна на Јапонците почнало да им станува јасно дека мораaт да сменат тактика ако планираат да победат. Не дека ова многу им помогнало, но идејата била ингениозна - тие дизајнирале и пуштиле во воздух 9300 „огнени балони“, бомби кои требало да го преминат Пацификот и некако да стигнат до САД. Некои навистина и стигнале, па дури и успеале да убијат неколкумина цивили.

Зошто војуваме?

Додека е во тек она што би можело да биде најкрвавата војна на европско тло од 1945 наваму, нова книга се обидува да објасни зошто и кога човечките суштества војуваат, и - според авторот - зошто тоа го прават ретко.

Првата американска детективка, која спречила атентат на Линколн

Се викала Кејт Ворн. Преправена во сестра и негувателка на претседателот помогнала во разоткривање на заговор за убиство на 16-тиот претседател на САД.

Кога суделе мртов папа

Познат како „Синодот на еден труп“ (Cadaver Synod), постхумното судење на папата Формозиј било резултат на хаосот на деветиот век, кога различни фракции се бореле за контрола на католичката црква. 

Бричот на Ханлон или кога мислиш дека некој е зол, а всушност е само глуп

Правилото на Ханлон гласи: „Никогаш не припишувај злоба на она што адекватно се објаснува со глупост“. Познато како вид филозофски „брич“, тоа е начин да се објасни човечкото однесување, но и за да се утешиме, дека не е сè насочено против нас, туку е просто - глупаво. 

„Калас-трофа“: Моника Белучи како Марија Калас на театарската сцена

Италијанската актерка настапи во улогата на оперската дива на сцената на Театарот на Нејзиното Височество во Лондон. И обожавателите на Калас, и оние на прекрасната Белучи, останаа разочарани.