Bookbox

Најомразениот човек во Америка

Денес ретко кој се сеќава на Леон Хендерсон. Но во текот на Втората светска војна тој бил администратор на најважното владино тело - Бирото за раководење со цените. Ова значело дека неговата улога била на Американците за многу нешта да им вели „не“. Речиси невозможна улога, во која уживал.

Расказ за автобусот

Влегуваме во градски автобус. Се слуша бипкање на билетите. Некој се шмугнува без карта. Баба со стапче се гега, позади неа палави средношколци со ранци прават фаци, демек „аман више“. Откако раздвиженоста спласнува и секој си го зазема место, атмосферата одеднаш се стишува. Сите гледаат отсутно во некоја точка, хипнотизирани. Само звук на моторот.

Зауздување на детската слобода: кратка историја на игралиштата

На прв поглед игралиштето е природно место за детска игра, со лулашките, тобоганите и вртелешките, кои денес се сметаат за суштински елементи на јавен простор наменет за најмладите. Но идејата за неговата идеална форма се менувала низ историјата, меѓу другото и под влијание на променетите општествени услови и на стравовите поврзани со околината.

Прв пат на американски пари ќе се најде лик на Азијка

Во понеделник, 24.10, американскиот трезор ќе почне да дистрибуира монети на кои е втиснат ликот на Ана Меј Вонг, првата азиско-американска филмска ѕвезда која се борела за еднаков третман на актерките со азиско потекло и за нестереотипни улоги за нив.

Најдобриот рамкаџија меѓу сликарите

Францускиот сликар Едгар Дега не само што е еден од најславните импресионисти, туку бил и најкреативниот дизајнер на рамки за сопствените слики. Збеснувал кога купувачот ја менувал рамката и давал детални упатства каде и како треба да се закачaт.

Од национално богатство до предатор: Неруда е канселиран

„Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови./Да помислам дека ја немам./Да почувствувам дека ја загубив./Да ја слушам бесконечната ноќ/уште понеизмерна без неа.“ Џабе везеш, би рекле чилеанските феминистки, за кои авторот на некои од најубавите љубовни стихови на светот е шовинист и сексуален предатор.

Кога двајца писатели влегле во магиски дуел

Замислете македонски писатели како се начекуваат на скали на Друштво на писатели и наместо со тупаници и боксирачи меѓусебно си фрлаат клетви како од македонски народни приказни. Нешто слично се случило во Англија на самиот почеток на 20 век. 

Зеленски објавува збирка воени говори

„Порака од Украина“ вклучува 16 говори одбрани од претседателот на Украина, како и вовед во кој се прави преглед на сето она што го доживеал тој и неговата земја од почетокот на војната со Русија.

Еукатастрофа: замислениот збор на Толкин кој токму сега ни треба

Пред да ја напише „Господар на прстените“ Толкин создал збор - „еукатастрофа“ - за којшто неговите проучувачи пишуваат и 70 години подоцна. Што сакал да каже со него и зошто денес ни е потребен феноменот што го опишува?

Неколку факти за „Сончогледите“ на Ван Гог

Вчера, 14.10, во знак на протест, две членки на движењето „Сопрете ја нафтата“ влегоа во Националната галерија во Лондон и истурија супа од домати врз ремек-дело на Ван Гог. Наводно, знаеле дека е заштитена со стакло. Галеријата објави дека освен рамката, сликата вредна 84 милиони долари не е оштетена. Повод за потсетување на приказната зад оваа и другите слики на Холанѓанецот со истиот мотив. 

Нова данска политичка партија чиј шеф е вештачка интелигенција

Синтетичката партија во Данска е посветена на спроведување платформа која е подготвена од машина, а нивниот портпарол е четбот под име Водачот Ларс. Сè нешто мислиме дека ние со ваква партија би просперирале камо-каде подобро отколку со постоечкиве.

Што се брои како „бестселер“?

На прв поглед, одговорот е едноставен и е содржан во самото име - книга што најдобро се продава. Но еден подлабок поглед кон методологијата на прогласување на некоја книга за почесен член на листата на бестселери укажува на комплицираноста и необјективноста на истата. 

Најстарата анимација на светот била направена на - керамички сад

Историјата на анимацијата обично се поврзува со 20-тиот век. Но цртежи на иранска вазна стара 5200 години можат да се сметаат за многу поран обид да се постигне истиот ефект на подвижна слика.

Нова претстава во која Бекет и Стопард разменуваат СМС-и и емотикони

Двајца славни драматурзи се заглавени во некаков изолиран универзум и можат да комуницираат само преку пораки. Заедносе обидуваат да ја промислат ваквата ситуација, мачејќи се со медиум кој не е баш најзгодниот за длабокоумни муабети.

Човекот кој го купил Стоунхенџ

Денес е незамисливо еден таков цивилизациски споменик како Стоунхенџ, кој датира околу 3000 години п.н.е., да биде во приватни раце. Па сепак, еден човек и не така одамна, во 20-тиот век, имал законско право врз него, а го купил на јавна лицитација. 

Нобеловката Ани Ерно е антисемит?

Тазе лауретот на високото признание за литература за 2022 на повеќе наврати има поддржувано анти-израелско движење. Дали ова може да се смета за антисемитизам, или едноставно за критика на израелските политики?

Жртва или саможртва?: кога група мажи биле прегладнувани за научни цели

Во текот на Втората светска војна, млади американски мажи кои не сакале да носат оружје поради верски причини биле повикани да волонтираат за медицинско истражување. Чувствувајќи дека на тој начин сепак ќе го вратат својот долг кон нацијата, тие се пријавиле во нешто кое ќе ги доведе до работ на преживувањето и ќе поттикне дискусии околу тоа дали експериментирањето врз луѓе е секогаш неетично.

Тепачка за чипови: борбата за најважната технологија на светот

Нова книга тврди дека сфаќањето на еволуцијата на индустријата за производство на чипови, и разликите помеѓу неа и останатите кои до сега предизвикувале глобални судири, е клучна за предвидување на геополитиката во иднина. Денес воената, економската и геополитичката моќ се темелат на компјутерски чипови. Кој ќе ги има нив, тој ќе ја има и моќта.

Окултната книжарница на сер Артур Конан Дојл

Звучи парадоксално - креаторот на најголемиот логичар и дедуктивец помеѓу книжевните ликови, славниот детектив Шерлок Холмс, самиот бил убеден дека може да се комуницира со мртвите и дека постојат духови. За да ја промовира оваа идеја отворил и репозиториум на литература и предмети од оваа област, во срцето на Лондон. 

Од поштенски марки до банкноти и копчиња: што ќе се случи со иконографијата на Елизабета Втора?

Прилагодувањето на иконографијата на Велика Британија по смртта на Елизабета Втора ќе потрае со години. Чарлс Трети, велат, е по екологијата, па замената на сите предмети со ознаките на претходниот монарх веројатно ќе оди бавно за да се одбегнат непотребни трошоци.

Чудната приказна за Ол’ Рип - рогатата жаба која „воскреснала“

Рогатите тексашки жаби вообичаено живеат само неколку години. Оваа била пронајдена во мермерна кутија 30 години откако била ставена таму и откако малку дошла на себе - оживеала. Станала толку популарна што ја посетила дури и Белата куќа, се појавувала во филмови, а луѓето масовно купувале сувенири со нејзиниот лик како симбол на долговечност. На денешен ден - 6 октомври - се организира традиционален Рипфест.

Археологија на сегашноста: изложба на списоци за пазарување

Сè започнало кога Луси Ајрленд Греј, студентка по археологија, стоела пред локалното гранапче и забележала парче хартија на тротоарот - коверт кој бил реупотребен за некој да си напише список за купување. Набргу почнала да ги забележува насекаде.

Што ли држи девојката на слика од 1860?

162 години стара слика на австриски aвтор деновиве го разбранува интернет затоа што девојката прикажана на неа наводно држи - смартфон. Koj знае како ќе ги толкуваат денешните слики луѓето од иднината. 

„Присенколинсинајнчузол“: пародичниот хит на непостоечки јазик кој сепак нешто значи

Пред 50 години, во ноември 1972, славниот италијански музичар Адријано Челентано имаше број 1 хит во својата земја, и покрај тоа што песната не беше испеана на италијански. Не беше ни на англиски. Всушност не беше испеана на ниту еден постоечки јазик.