Bookbox

Дали Салман Ружди ќе ја добие Нобеловата оваа година?

Ќе биде малку апла ако признанието му се додели токму сега, во светлина на неодамнешниот напад врз него од кој едвај остана жив. Од друга страна, можеби токму во тоа и би била поентата.

Последните денови на Курт Кобејн како опера

Има малку дејство, дијалогот е речиси неразбирлив а менаџерот на Кобејн го игра лик кој повеќе личи на продавач на стари автомобили. Кралската оперска куќа има нова претстава која ги прикажува последните денови на Курт Кобејн.

Мачорот кој на нејќење станал авијатичар

На 15 октомври 1910, еден портокалов мачор по име Кидо станал прв од неговиот животински вид кој се обидел да го премине Атлантикот со воздушен балон. Искуството ич не му се бендисало. Сепак, по големата авантура, тој станал маскота и сакано милениче на посадата. 

Феноменот на ненадејна потреба од ВЦ кога ќе се влезе во книжарница

Не е некакво истражување за Иг Нобел. Ниту пак метафора за поврзаноста на умствените процеси со физиологијата. Ова е реален (?) феномен за кој се дискутира со години, но кој се уште нема медицинско објаснување.

Скандалот со отровно бебешко млеко кое се правело од остатоци од дестилација на алкохол

Во 1850-тите бебињата во Њујорк добивале мистериозно труење. Речиси 8000 новороденчиња умирале годишно од неконтролирана дијареа. Во јавноста кружеле разни теории, додека еден новинар не ја открил вистинската причина.

Заборавете на QR кодовите: некогашната уметност на дизајнирање менија

Тие не се само списоци на храна и пијалоци, информативни помагала и ценовници. Менијата знаат да бидат реклами сами по себе, алатки за заведување, да будат интимни спомени и, понекогаш, да станат скапоцени колекционерски предмети.

Барометарот кој работел на пијавици

„Предвидувачот на бури“ е изум од 19 век кој функционирал со помош на пијавици чувани во шишенца. Кога тие ќе се вознемиреле поради надоаѓачко невреме, мало чеканче удирало во ѕвонче. Колку повеќе врева и ѕвонење, толку појака бура. 

Кога луѓето се ваделе од памет од притискање копчиња

Денес секојдневниот контакт помеѓу човекот и машината - преку притискање прекинувачи - во доцниот 19 век предизвикувал социјална анксиозност од невидени размери.

Во Аљаска има музеј на - чекани

Веројатно никој не ја знае историјата на оваа алатка подобро од колекционерот Дејв Пал, кој пред дваесет години отворил храм на своите омилени чекани во Хејнс, Аљаска. Минатиот месец излегла и негова книга посветена на еволуцијата на овој алат употребуван од предисторија.

Приказната за две времиња: кога Јапонија се сретнала со европскиот часовник

Во 16 век во Јапонија почетокот и крајот на денот секогаш се случувал на шестиот час - акемитсу (шест во зори, кога разденува) и куремутсу (шест на самрак, кога се смрачува). Ова раководење според сонцето подразбирало варијабилност на тоа „шест“ во зависност од годишното време. Иако првите механички часовници донесени од Европа им правеле впечаток како уметнички предмети, на Јапонците тие не им вршеле работа, бидејќи не ја овозможувале таа флексибилност.

„Балет на лепрозни“ - излегува до сега необјавена проза од Леонард Коен

Збирката најавена оваа зима конечно на 11 октомври. Таа ќе вклучува раскази, радио драма и роман, два пати одбиван од издавачи, за кого Коен сметал дека е „веројатно подобар“ од неговата прва и славна проза, „Омилената игра“ од 1963. 

Нов музеј на ЦИА по повод 75 години постоење

Годишнината од своето постоење Централната агенција за разузнавање ќе ја одбележи со нешто што е прилично ретко: привлекувајќи го вниманието на јавноста. Меѓу другото има нов подкаст, а ќе организира и натпревар во бргу решавање на реални шпионски кодови.

Демолирана најнеобичната градба во Јапонија чиј автор бил ученик на Кензо Танге

Кулата „Капсула Ин“ во Осака била отворена во 1979 како првиот хотел во кој можело да се спие во навистина тесни станови, нешто по што Јапонија од тогаш стана позната. Авторот на градбата бил Курокава Кишо, претставник на архитектонско движење под името Метаболизам и ученик на авторот на нашиот ГТЦ, Кензо Танге. Иако тој предвидел обнова на градбата на секои 25 години, сложеноста на операцијата не го овозможило тоа. За жал, кулата пред неколку месеци е демолирана. 

Кажи ми народски: Нов Зеланд ќе се обиде да го упрости бирократскиот жаргон

Предложени законски измени предвидуваат владините документи да бидат јасни и концизни. Опозицијата вели дека нивната контрола и прилагодување ќе додадат на бирократијата.

Жената која можела да биде кралица на Англија

Неуспешната кампања за лејди Арбела Стујард да влезе прекутрупа во наследната линија започнала со проводаџиска шема воспоставена од нејзините две баби. Трагичноста на нејзината понатамошна судбина сепак не е во тоа што не станала кралица.

Моторните пили не биле измислени за да сечат дрва туку за - помош при пораѓање

Пред денес вообичаената употреба на царскиот рез кога имало пречки за природно породување, била изведувана операција наречена „симфизиотомија“, кога се отстранувал дел од коската на карлицата за таа да може полесно да се прошири. И ова се правело со нешто од што подоцна настанала - моторната пила!

Карлос, Гиљермо и Каталина Мидлтон: забуната околу преведувањето на имињата на кралските семејства

По повод смртта и погребот на кралицата Елизабета Втора, медиумите во Европа беа преплавени со текстови на оваа тема. Но во некои земји каде кралските имиња се уште се преведуваат на локалниот јазик беше тешко да се сфати кои се тие „Карлос“ и „Литера“.

Постхумното отворање на пакет што Лу Рид си го испратил на самиот себе

По смртта на Рид, двајца архивисти и неговата вдовица, Лори Андерсон, откриле мистериозен запечатен пакет од 1965. Во него - богатство.

Како да ги споиш „Квин“ со јапонско кабуки?

Неисцрпно инспиративна, „Ромео и Јулија“ сега е основа за нова јапонска претстава која наскоро ќе гостува во Британија. Се вика „Ноќ во кабуки“ и комбинира забранета љубовна приказна која се одвива во 12 век со музика од „Квин“. 

Како куќички за кукли: малечките реконструкции на убиства на првата форензичарка

Се викала Франсис Глеснер Ли, била пионер на форензиката во САД, а нешто во што го вложила и својот креативен и својот занаетчиски талент, бил проект кој се состоел од 20 диорами со сцени од вистински убиства.

Доктори во Брисел препишуваат музејски посети како терапија

За да ја поттикне грижата за менталното здравје, една од најголемите болници во Брисел тестира програма која вклучува бесплатни посети на музеи. 

Ви се чита книга од 21.450 страници?

Се води како најдолгата книга во еден том, а од неодамна е во продажба, со ограничен број примероци. Станува збор за дел од манга серија, која е намерно направена за да биде физички нечитлива, со што е повеќе како скулптура. Еден примерок е 2000 евра.

Писателката која како миленичиња чувала - полжави

Патриша Хајсмит е најпозната по своите романи преточени во филмови, како „Туѓинци во возот“, „Талентираниот господин Рипли“ и „Керол“, иако нејзината биографија открива многу поинтересна личност отколку „обична“ авторка на бестеселери. Меѓу другото, таа имала и необични домашни миленичиња.

Најинтензивниот „филибастер“ говор траел повеќе од 24 часа

Филибастеринг е обид да се спречи гласање преку пролонгирана дебата, кај нас познатo и како деловничка блокада, кога „дебатата“ се состои од читање поезија или од просто молчење. Зборот потекнува од францускиот и најпрвин се однесувал на пирати кои ги пљачкале шпанските колонии. Растегнувањето на носењето на некој закон или одлука знае да биде забавно, ризично но и напорно, доколку оној што се нафатил на тоа е сосема сам.