Во неделата на соопштување на добитниците на Нобеловата во повеќе области, онаа за литература ќе биде обелоденета во четврток, 6.10. Според пропозициите, таа се доделува на „личност која придонела кон областа на литературата со своето вонсериско дело“, а за тоа кој е најзаслужен од заслужните одлучува група од 18 луѓе која се состои од шведски писатели, лингвисти, книжевни истражувачи, историчари и еден правник.
Сајтот за обложување Најсер одс, каде се агрегираат моментални состојби во поголем број обложувалници, покажуваат дека тој е на шестото место. Во моментот на пишувањето на овој текст води Мишел Уелбек (би частеле една шведска маса да го видиме како држи говор пред кралот, со цигарче во крајчето на устата!). На второ место е канадската поетеса и професорка по класични јазици, Ан Карсон, а на трето француската писателка Ани Ерно. Сепак, негови колеги, како францускиот филозоф Бернар-Анри Леви, отворено повикаа на должност да се лобира за тој да го добие високото признание, како симболичен гест на поддршка по инцидентот oд август оваа година, во кој тој беше неколкукратно прободен со нож на сцена од 24-годишен напаѓач.
Ако победи, 75-годишниот Ружди ќе биде првиот автор роден во Индија која би ја добил Нобеловата по поетот Рабиндранат Тагоре во 1913.
Помеѓу останатите имиња на списокот се (како и често последниве години) Харуки Мураками, Маргарет Атвуд и - Стивен Кинг. Koментатор на британскиот Њу Рипаблик, во текст-прогноза за овогодинешните награди, со жалење констатира дека некои од оние кои веројатно ја заслужуваат наградата во меѓувреме починаа, како Хилари Мантел, и додаде: „Ако Мураками победи, ќе изедам една од неговите фенси маички“.