
Процедурата наречена „симфизиотомија“ првично, во 17 век, била изведувана со рака, користејќи мал нож и пиличка за да се отстрани дел од коска oд пелвисот, односно карлицата, и да се овозможи повеќе простор за бебето. Ова е во време пред царскиот рез, кога сите новороденчиња морале да минат низ родниот канал, но понекогаш таму и се заглавувале. Сето ова се правело без анестезија и среде пораѓањето. Траело долго, било комплицирано и очигледно болно.
Двајца шкотски доктори - Џон Еткен и Џејмс Џефри - во 1780 ја измислиле моторната пила за да го олеснат отстранувањето на дел од карличната коска и да го скратат времетраењето на процедурата. Таа била напојувана рачно и изгледала како денешен кујнски нож со мали запци на синџир, односно вака:
Набргу оваа пила станала популарна и за други сечења на коски и хируршки ампутации. Некому му текнало дека штом може да мине низ коска, тогаш таа може да биде корисна и за дрво. Така, таа станала поголема и помоќна, за на крај да прерасне во чудовиштето што го знаеме денес.
Симфизиотомии веќе не се изведуваат, освен понекогаш, во земји каде нема услови за изведување царски резови, но и таму се нарекуваат „варварски“ со оглед на огромниот ризик за инфекции и долготрајни последици по жената.