Кога двајца писатели влегле во магиски дуел

Замислете македонски писатели како се начекуваат на скали на Друштво на писатели и наместо со тупаници и боксирачи меѓусебно си фрлаат клетви како од македонски народни приказни. Нешто слично се случило во Англија на самиот почеток на 20 век. 

Во 1900-та ривалството помеѓу поетите и самопрогласените магови Вилијам Батлер Јејтс и Алистер Кроули достигнало кулминација. Кроули бил окултист кој ја скандализирал викторијанска Англија со своите неморални убедувања и однесувања, вклучително со дрога и промискуитет. Кога имал дваесетина години тој се приклучил на тајно здружение, Херметичен ред на златната зора, кое ја проучувало магијата. Помеѓу неговите членови бил и авторот на „Дракула“, Брам Стокер, како и Вилијам Батлер Јејтс, еден од најславните поети на 20 век.

Наскоро станало очигледно дека дека Јејтс и другите членови на лондонскиот огранок не биле задоволни од интерпретацијата на Кроули на нивните практики и ритуали и одлучиле да го отстранат. Ова секако го разгневило окултистот, кој одлучил да не замине со наведната глава. Претпоставувајќи дека ќе дојде до судир, Кроули се консултирал со МекГрегор Матерс, магионичар и основач на Златна зора, кој го советувал Кроули околу баења и магиски формули кои би помогнале членовите на здружението да бидат на негова страна. Мaтерс исто така му препорачал на Јејтс пред судирот - што е сигурно, сигурно е - да облече келтска народна носија.

Кроули, иако верувал во магија, сепак се вооружал со ножеви, сакајќи да ги украде тајните документи на организацијата. Кога се појавил во седиштето, започнала физичка пресметка. Додека Кроули се обидувал да ги искачи влезните скали, Јејтс и другите членови го начекале. Почнала турканица во која сите се расфрлале со магиски формули, што на латински, што на некој таен јазик. Пресметката завршила кога Јејтс преминал на нешто поконкретно - просто го клоцнал Кроули, кој паднал по скалите. Настанот го добил драматичното име „Битката на улицата Блајт“.

Јејтс бил член на Златна зора цели 32 години, практично до својата смрт во 1939. Кроули основал друга организација, Телема, која проповедала религија базирана на хедонистички стил на живот - систем на верувања кој на Кроули во англиските медиуми му ја донеле титулата „најпорочниот човек на светот“. Умрел во 1947 на 72 години, од природна смрт. 

извор 

18 октомври 2022 - 07:14