Bookbox

Најдобри научно-популарни книги за 2023

Од приказни за океанските длабочини до ѕвездите на небото, ова се научно издржани но сепак читливи книги на куп теми за кои најмногу се зборуваше/пишуваше годинава што изминува.

Вејтс на подкаст кај Иги Поп

На 7 декември традиционално го одбележуваме роденденот на Том. Човекот што за жал веќе ретко се појавува во јавност, последен пат бил на турнеја во 2008, „најновиот“ албум го издал во 2011, а почесто го гледаме на филм отколку со инструмент в рака. Ама еве, му дошол на Иги Поп на гости. 

Букбокс гледаше: „Синоокиот самурај“ (мини-серија, 2023)

Едно од најдобрите нешта што му се случиле на Нетфликс, не само оваа година. Анимирана серија која ќе им се допадне и на оние кои вообичаено не го сакаат ваквиот филмски жанр, затоа што е визуелно прекрасна, а истовремено потсетува на најдобрите крвави акции кои некогаш биле снимени.

„Ти посакувам добро здравје и среќа во Новата“ - дали честитките се остаток од магиското мислење?

„Се надевам дека оваа порака ве наоѓа во добро здравје и расположение“ или „Здраво, одамна не сме се слушнале, се надевам си ок“ се толку чести воведи во поофицијални и приватни обраќања што нашиот ум веќе ги прескокнува, одејќи директно кон поентата на мејлот. Но тие можеби и не се толку излитени фрази колку што изгледа. 

Кога мажите облекле фустани за да протестираат против повисоки даноци

Во ноември 1843, значи пред 180 години во Велс владеела турбулентна политичка клима поради високите даноци кои требало да ги плаќаат земјоделците. Гневни, тие нашле начин како да привлечат внимание, но не само како пародија, туку и како реална бунтовничка симболика.

Ако немаш хулахопки - нацртај си!

Во текот на Втората светска војна се појавил тренд „од мака“ - нацртани најлон чорапи. Ако не се миеле, девојките и жените можеле да ги носат „течните хулахопки“ најмалку три дена на себе. Најдолго траеле оние нанесени со сос од печено месо.

„Здраво како челик ти беше“: како тажачките песни помогнале во справувањето со колективната траума на скопскиот земјотрес?

Ново издание на Институтот за македонска литература, „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963“ на авторите Ана Мартиноска и Жарко Иванов се однесува на еден траурен момент од колективната историја. Среде хаосот и болката на скопскиот земјотрес, еден фолклорист се одважил да го забележи она што денес претставува скапоцен документ за тоа како преживеаните се збогувале со своите блиски. Сега, 60 години подоцна, тие прв пат стануваат достапни за јавноста и тоа токму во момент на колективна тага.

Италијанскиот град што си направи свое сонце

Обиколено со планини и во мрак три месеци годишно, еден град во северна Италија пронашол креативно решение за својот проблем со немањето доволно природна светлина - големо огледало кое рефлектира од ноември до февруари и го осветлува главниот плоштад.

Химелсбрифе: писмата-амајлии пристигнати директно од небесата

Повеќе од илјада години, луѓето користеле писма наводно напишани лично од Исус, и како докази за неговото постоење и како заштитни амајлии. Најголема моќ имале оригиналите, но се важеле и преписи кои се ширеле како денешните препраќани мејлови. 

„Гриф тек“ или крајот на тажењето по мртвите?

Имитирајќи разговорен стил, генеративните чет-ботови како ЧетГПТ нудат шанса за развивање платформи кои користат „длабоко учење“ и големи јазички модели да рекреираат начини на зборување на починатите. Какви се можните психолошки последици доколку ова стане масовно користена технологија?

Српскиот уметник кој ги спасува старите југословенски логоа од заборав

Oгњен Ранковиќ е белградски графички дизајнер кој специјализира во дизајн на амбалажи, урбана уметност и фотографија. Во мај оваа година во галеријата ХДД во Загреб се отвори неговата изложба Југо.Лого - графичка идентификација во Југославија, која се базира на дигиталната архива која ја има покренато авторот.

Романот „Смртта на Бани Манро“ на Ник Кејв ќе стане серија

Мет Смит, ѕвездата на „Доктор Ху“ и „Круната“, ќе ја продуцира и ќе глуми во мини-серијата базирана на книгата на Кејв од 2009, за трговски патник опседнат со секс, кој во еден момент станува самохран татко и мора да се грижи за својот 9-годишен син. Едвај чекаме пролет.

„Докторот“ што трансплантирал тестиси од прчови на луѓе

Нема нешто што човек на мака нема да го направи, и тоа самонаречените исцелители и доктори многу добро го знаат. Овој во 1920-тите убедувал мажи дека тестиси од млади прчови би можеле да им ја излечат импотенцијата. И овие со сиот памет му легнувале под нож.

Кога повеќе од 90 жени биле убиени затоа што наводно предизвикале бура

Ловото на вештерки се случувал и во изолирани заедници на северот на Европа. Во случајов во Норвешка, каде пред повеќе од 400 години во едно рибарско село биле убиени жени обвинети дека со магиски моќи поттикнале невреме. 

Наод на денот: Лего верзија на експериментот на Милграм

Со Лего коцкички до сега се рекреирани Мерлин Монро на Енди Ворхол, Големиот бран на Хокусаи или мапата на светот. Ама психолошки експерименти? Е, тоа е нешто ново.

Најлошиот режисер на светот кој се пресмета со своите критичари во боксерски ринг

На постара снимка од хрватскиот квиз „Еден против сто“ се појавува прашање - како се презива германскиот фимаџија, според многумина најлошиот режисер на денешнината: Бол, Зло или Рат? Не знаевме, но научивме.

Еден од најраните тестови за бременост била - жаба!

На местото на лента со црвени линии, жените од почетокот на 20 век со возбуда или со страв седеле покрај жаба и чекале таа да им даде знак, дали се бремени или не. Не, ова не било магија, туку резултат на истражување на еден експериментален зоолог.

Бизарната друштвена игра со фрлање лисици во височина

Фрлањето лисици, јазовци, диви мачки и други животни во воздух со помош на платно-катапулт било необична занимација на европските аристократи од 17 и 18 век. Целта на играта била сиротото животно да се фрли што повисоко во воздух. Највисокиот забележан резултат - 7,5 метри.

Како модерноста нè направи алергични

Нашите стари имунолошки системи не можат да држат чекор со современите начини на живот, што води до зголемување на сите видови хронични здравствени проблеми, меѓу кои и на алергиите. Едно од објаснувањата за ваквата ситуација е - многу чисто и арно не е на арно.

Koга постелнината била толку скапоцена што се оставала во тестамент

До доцниот среден век, а некаде и многу подоцна, луѓето спиеле на земја, врз сламарици или што и да е што можело да им обезбеди некаква подлога. Единствено најбогатите куќи имале големи и удобни кревети, со оние пердиња и перници полнети со пердуви. Токму креветите, а не скапоцените вазни или уметнички слики биле симбол на класните разлики.

Вкусот на ванила доаѓа од задникот на дабар?

Однапред се извинуваме ако на слаткиот вкус на сладоледот, омекнувачите или освежувачите на простор почнете да реагирате на малку поинаков начин. За утеха, суптанцата за којашто станува збор денес ретко се користи како ароматизер, затоа што е скапа а и ретко кој сака да „молзе“ дабари. Што е супер за преслатките дабарчиња и нивните ќесиња со ароматична течност.

„Ова е веројатно последното што ќе го напишам“ - Пол Остер за новата книга, ракот и илузијата на надминувањето на болката

Додека го пишувал својот најнов (последен?) роман, славниот американски писател дознал дека е сериозно болен. Во ова позајмено интервју тој зборува за пишувањето како начин да се пронајде смисла и да се издржи и во најтешкото.

Јапонското рибарење со корморани

„Укаи“ е традиционален рибарски метод кој, слично како и некогаш во наш Дојран, користи обучени корморани за фаќање слатководни риби. Во Јапонија ова се практикува над 1300 години, посебно на реката Нагарагава, каде официјален патрон на рибарите е самиот цар. 

Oд парички до ковчези: парите се отепувачка

Насловот на статијава реално требаше да биде „Како парите ја трансформирале средовековна Европа“, ама економската револуција, иако за малкумина била навистина вносна, за други била токму тоа - отепувачка.