Oткако неодамна ја релативизиравме вредноста на цитирањето како интелектуален чин, најлогичниот след на настаните е да објавиме - цитати за пишувањето!
Гугл поетикс е блог кој почнал да собира таканаречени Гугл песни од октомври 2012. Тоа се оние кои се формираат кога пребарувате некој поим, а Гугл ви сугерира цели реченици. Нивните комбинации често се смешни, апсурдни, но има и такви кои навистина имаат смисла.
За проблемот на погрешно припишаното авторство на некои познати изреки сме пишувале и порано. Но не знаевме дека за оваа појава веќе има и акроним - WAS (Wrongly Attributed Statement) или по нашки ППИ (Погрешно припишана изјава).
Наскоро од печат ќе излезе биографија на Френк Нетер, несуден сликар, кој по желба на мајка му станал доктор, но и најпознат современ медицински илустратор.
Вчера (16.09) се појави вест дека отсега за престижната Букерова награда за литература ќе можат да конкурираат и американски автори. Некои, главно Британци, се скандализирани. Други, главно Американци, се живи среќни.
Минатата недела Џонатан Франзен повторно плукаше врз Твитер, спомнувајќи негови колеги-писатели кои според него ја потпомагаат културната апокалипса предизвикана од технологијата. Некои од нив се најдоа погодени.
Берман (1940), кој заради долгата коса и брада дури и личеше на Маркс, промовираше нов начин на разбирање на германскиот филозоф - не (само) како некој кој ги инспирирал советските револуционери, туку и како некој кој извршил влијание врз слободните мислители воопшто.
„Чудна пуританска номенклатура“ е книга од 19. век која содржи примери на ексцентрични имиња, кои биле такви и во времето кога настанале. Нив на своите деца им ги давале пуританците. Не, не тие пуританци.
Џонатан Франзен е познат по неговиот отпор кон новите технологии. Во опширен текст објавен во Гардијан, тој ни го претставува неговиот духовен брат од почетокот на 20. век, кој предвидел сè што е погрешно со модерниот свет денес.
Режисерот кој како млад студирал органска хемија, и кој во своите научно-фантастични, често страшни филмови, има предвидено голем број технолошки откритија, најавува неколку нови проекти. Еден од нив - жив мозочен имплант, наречен Pod.
Додека услугите на „професионалните професори" стануваат сè побарани на пазарот на изработка магистерски и докторски работи, истите тие мака мачат да си ги задржат работните места и да напредуваат со титулите. Белградска „Политика" објави спектакуларен пример кој покажува до каде дошла работата во измислување „научни" текстови.
Духобори се христијанска секта, а духоборството религиска филозофија, социјално движење, или едноставно начин на живот. Тие биле особено активни во Русија во доцниот деветнаесети век, пружајќи отпор кон царистичката руска власт.
Или е фина коинциденција, или е маркетинг финта: два нови албума со арии на двајца славни кастрати, кои во животот биле лути душмани, се појавија во ист ден.
Koга се работи за американската литература на дваесетиот век, постојано како да се вртат едни и исти имиња, за кои веќе знаеме и најситни детали од приватниот живот. На таа сметка, други пак се неправедно запоставени и речиси непознати во нашата средина.
Вилијам Волман е американски писател, добитник на Националната награда за белетристика. Тој во септемврискиот број на Харпер магазин објави текст под наслов „Живот како терорист", во кој ја прераскажува содржината на сопственото FBI досие.
Бела Антон Леош Флек е американски музичар, според многумина еден од најиновативните и технички најспремните свирачи на бенџо. Неговиот нов албум се вика „Измамник" (The Impostor).
Пред некое време ви ја претставивме кратката историја на знакот за нов пасус. На ред се уште два - едниот го имате на тастатурата, вториот ќе мора сами да си го нацртате.
Од утре (вторник) на полиците на книжарниците ќе може да се најде најавуваниот прв мемоар на славниот физичар, полн со детали од приватниот живот и фотографии, а како што велат, и со добар хумор.
За време на вчерашниот кошаркарски натпревар против Србија можеа да се чујат добро познатите метафори за „оставањето на срцето на теренот", но и онаа за „ранетиот лав", кој ја остварил својата одмазда. Стилските фигури се алатка на поетите, спортските коментатори, но и на политичарите кои почнуваат или спречуваат војна користејќи ги.
Во рубрикава понекогаш сме обвинувани за „жанровска несташност", дека наводно се занимаваме со теми кои не се од областа на културата. Ама еве пресудете сами: оваа е за еден биофизичар, еден композитор и за растителни протеини кои произведуваат мелодии. Нели звучи културно?
Taман кога мислиш дека се се знае за некој славен автор, излегува нова биографија за него, со сочни детали кои ветуваат „нови хоризонти во разбирањето на неговиот книжевен опус". Во случајот со Селинџер, клучот за толкувањето излезе дека се наоѓа - меѓу неговите нозе.
Mика Ангела Хендрикс е интересен илустратор, дизајнер и цртач, а инспирацијата ја црпи од Морис Сендак, Роберт Крамб и Џим Хенсон. Но како што тргнала работата, нејзината четиригодишна ќерка Мила наскоро може да ја надмине во креативноста.
Облозите за овогодишниот Нобел се објавени и Мураками води со 3-1. Сепак Ladbrokes, британската обложувалница, има утнато неколку пати претходно, па на јапонскиот писател му се советува да почека со пишувањето на говорот.