Џошиа Зајнер (Josiah Zayner), кој неодамна докторирал биофизика на Универзитетот Чикаго, разви нов музички инструмент кој функционира врз база на ептен мали растителни протеини. Инструментот се вика хромокорд, а желбата на Зајнер била „да им се приближиме на овие неверојатни протеини кои ни даваат сила секој ден од животот, но кој никој не ги гледа, и на кои никој не помислува".
Работата на хромокордот започнала во 2011, со користење растителни протеини кои се чувствителни на светлина, истите оние кои на пример го тераат сончогледот да се врти кон сонцето. Овие на Зајнер се протеини добиени од овес, секој од нив генетски обработен за нијанса поразлично од другите, за и различно да реагира на светлината. Кога на пример сина ЛЕД светилка ќе осветли еден од протеините, спектрофотометарот ги мери протеинските реакции. Потоа друг уред ги пренесува овие податоци до софтвер кој ги претвора овие реакции во звуци. Секако, тоа не значи дека самите протеини свират - нивните „дразби“ се само поттик за музика. Станува појасно ако го погледнете видеото.
Зајнер работи со композиторот Франциско Кастиљо Тригуерос на создавање комплексни музички аранжмани со помош на овој инструмент. Следен негов проект - човечки клетки. Во моментов е во тек негова кампања за собирање 20,000 долари за развивање соодветен инструмент. „Идејата ми е", вели тој, „ова да го направам со мои клетки. Така ќе бидам бенд со самиот себеси".
За повеќе музика добиена од разни чудни извори тука.