Џонатан Даган, подобро познат како J.Viewz, создава музика користејќи мала плоча со електрични кола наречена МаКи МаКи (MaKey MaKey) која дозволува со тастатура да поврзеш речиси сè - од виршла до локомотива. Со комбинирање на овошја и зеленчук тој на ваков начин направил кавер на Teardrop на Масив Атак.
Но истото можете да го сторите и вие. Сè што треба да направите е да си направите (или купите) МаКи МаКи и со него да поврзете три нешта - компјутер, некој чуден предмет, и себеси. Преку допирање на предметот го затворате колото, и пуштате сигнал до МаКи МаКи. Плочата потоа го преведува овој електричен сигнал во сигнал кој звучи како музика. Останатото е на вашата способност за играње, со струјата, храната/предметите и звуците.
Џонатан секако не е единствен кој го има пробано ова. До сега пронајдовме клипови на луѓе кои ова го пробале со портокали, крофни и морска храна. Ама сепак најдобри ни се - бананиве.