На Русите едно мора да им се признае - дека имаат долга читачка традиција, и дека се подготвени да сторат многу за таа да не згасне. Ваквите интересни кампањи се еден од начините.
Новата британска монета од педесет пени ќе му биде посветена на композиторот Бенџамин Бритн. Но наместо неговиот лик, на паричката ќе стои стих од Тенисон.
Интересна комбинација на филозофи и сликари, базиран врз сличностите во нивниот светоглед. Штета што не го искористиле Ворхол, тој би легнал на еден куп поп-филозофи од земјата и странство.
Приказна од само неколку зборови. Како твит или хаику, кои дестилираат некакво силно, тешко искажливо чувство. Тоа сигурно важи за овие, кои се хроники на искуствата на американските војници во „војната против теророт".
Иако била првата жена-режисер на играни филмови, за неа до скоро не знаеа ни Џоди Фостер, ни Роберт Редфорд, ни Бен Кингсли. Сега двајца ентузијасти снимаат документарец за неа, кој ќе ѝ го зацементира неправедно одземеното место во филмската историја.
Сметан за најголем ирски поет по В. Б. Јејтс, добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата од 2001 и на Нобеловата за литература замина во вечните поетски ловишта на 74 години.
Нова биографија на славното „врапче" тврди дека неколку работи кои досега важеа како точни во врска со нејзиниот живот се целосни измислици. Не дека тоа нешто ни менува кога е во прашање нејзината музика.
По провокативното чепатење на Мајли Сајрус на овогодинешниве МТВ награди, кои некои го нарекуваат играње, глаголот „to twerk" доби на популарност. До толку што излезе муабет дека експресно го додале во Оксфордскиот речник на англискиот јазик.
Непреводливоста е еден од симптомите на немоќта на јазикот како алатка. Од друга страна, таа покажува дека она што на прв поглед изгледа како хендикеп всушност отвара простор за креативност. Како овие 11 илустрации на тешко преводливи зборови, чие значење сепак делува блиско.
Тежу Кол (1975), американски писател со нигеријско потекло кого го засакавме заради романот „Отворен град“, е една од добрите причини за човек да биде на Твитер. Секогаш луциден, тој овој пат се обиде да состави свој речник на секојдневни поими, и да се обиде да се соочи со она што стои зад зборовите.
Вернер Херцог е еден од најзастапените ликови на овој сајт, и тоа со добра причина. Тој не само што одличен режисер, туку е и интересен како човек. Ретко се среќава извикан интелектуалец кој би си останал на зборот, и би го сторил она што го има направено Херцог.
Рускиот закон воведен во јуни оваа година кој забранува „пропаганда на нетрадиционални сексуални односи", најчесто се спомнува во контекст на претстојната Олимпијада во Сочи. Но сега тој стана причина за (авто)цензура на нов биографски филм за славниот композитор.
Кај нашиот северен сосед во тек е реконструкцијата на 18 министерства. И тоа не би било интересно за Букбокс да не се спомнува, како сериозен кандидат за иден министер за култура, и едно нам драго име. Текстов сфатете го како навивање, или просто како симпатија кон ваквите ликови.
Во 1979, додека бил на европска турнеја, Том Вејтс oдржал концерт и во главниот град на Австрија, и се согласил да мине еден ден со филмска екипа. Погледнете го: има само 30 години, раскажува ко некој врач, и е многу сладок.
Во најновиот број на белградско Време (достапен само со претплата) Манчевски го објаснува својот однос кон фотографскиот медиум, и кон раскажувањето приказни. Наскоро, по премиерата во Венеција, ќе го презентираме и неговиот краток филм „Четврток“.
Британската организација за човекови права Реприв издаде соопштение, во кое ги обвинува властите во затворот дека блокирале достава на антологиската „Архипелагот Гулаг" за еден нивен штитеник.
„Музиката е просторот помеѓу нотите", велеше Kлод Дебиси, чиј 151 роденден Гугл го слави со дудл, а ние со превод на песната на Пол Верлен, која послужила како инспирација за познатата „Месечева светлина“.
Американскиот поет Кенет Голдсмит во уметничка галерија во Мексико сити успеа да собере 10 тони хартија со веб материјал, кои се дел од изложбата „Печатејќи го интернетот".
Песимизмот на Џакомо Леопарди (1798-1837) го поттикнал германскиот филозоф да го прогласи за свој „духовен брат". Но неговите белешки испишани на илјадници страници, сега издадени и на англиски, јасно покажуваат дека тој не само што бил најголемиот италијански поет по Данте, туку и еден од најрадикалните мислители на 19. век. Ништо помалку интересен е и спонзорот.
Дали помеѓу хип-хоп генерацијата и онаа која се бореше за граѓански права во Америка има длабоко недоразбирање околу тоа што претставува општествена одговорност? Дали Спрингстин е поангажиран поет од Џеј Зи? Излегува дека за оваа работа не е важно дали си црнец или белец - битно е дали си богат.
„Ако знаеме дека смртта е она со кое се раѓаме, тогаш ведрината е она што ни е потребно. Па ние сме смртни, секој од нас е, тоа сите го знаеме. Никој не може да се радува на нечија смрт, бидејќи таа го чека и него" - ова го изјави Мирко Ковач во едно од неговите последни интервјуа.