На стогодишнината од раѓањето на славниот композитор, Британија прв пат во нејзината историја планира да изработи монета која ќе содржи поетски стих. Причината што тој е токму од Тенисон е тоа што неговата песна „Сjajoт паѓа на ѕидовите од замокот" (The Splendour Falls on Castle Walls) е дел од Серенадата за тенор, рог и гудачи на Бритен. Стихот Blow Bugle Blow, set the wild echoes flying ќе биде изгравиран околу името на Бритн. Истовремено, Бритен е првиот композитор на британска монета, и прв поединец, покрај монархот, кој го има своето име на паричка од 50 пени.
Авторот на дизајнот Том Филипс, кој и самиот е композитор и уметник, на шега го објаснил неговото дело: „Не можевме да имаме две глави, бидејќи онаа на кралицата е на другата страна. Моравме да ја сочуваме можноста за избор помеѓу писмо и глава. Како инаку би почнал еден крикет меч? Плус, кој сака да гледа здодевна слика на најобичен старец, дури и ако тој е фантастичен композитор? Вака кога човек ќе го види стихот може ќе го пребара на интернет. И така ќе дојде до снимката каде Питер Пирс ги пее токму тие стихови. Ми се чини дека таквиот нов пристап кон монетата е соодветен на денешниот свет".
Монетата ќе има и посебни верзии во злато и сребро, а оние за секој ден ќе бидат изработени од легура на бакар и никел.
Серенадата за тенор, рог и жичани инструменти