Кога Гугл пишува стихови

Автокомплетирана поезија

Гугл поетикс е блог кој почнал да собира таканаречени Гугл песни од октомври 2012. Тоа се оние кои се формираат кога пребарувате некој поим, а Гугл ви сугерира цели реченици. Нивните комбинации често се смешни, апсурдни, но има и такви кои навистина имаат смисла.

Целата работа нема врска со компанијата Гугл, туку е ентузијастички потег на двајца блогери, Сампса Нуотио и Раиса Омахејмо, кои веројатно се склони да бараат поезија дури и онаму каде навидум ја нема. Во случајов добиените „песни" се интересни и затоа што претставуваат огледало на прашањата кои си ги поставуваат милиони луѓе на планетава, и кои кога не го наоѓаат одговорот му се обраќаат на пребарувачот, кој станува и родител од кого може да се побара совет, и пријател од кого може да се побара утеха.

Очигледно Гугл не е Шекспир, Витман или Дикинсон, велат од проектот. Но сепак оваа негова „поезија" ни ги открива нашите стравови и предрасуди, тајни и срамови, надежи и копнежи на модерниот човек.

Засега Гугл поетикс има верзии на 12 јазици, меѓу кои и српски и босански (последново особено нè плени). Еве некои од примерите, дополнети со пребарување на македонски. Нам ни беше забавно, пробајте и испратете ни ако сте добиле нешто навистина интересно.

Повеќе тука.

 

 

 

 

 

 

19 септември 2013 - 09:07