Кај нашиот северен сосед во тек е реконструкцијата на 18 министерства. И тоа не би било интересно за Букбокс да не се спомнува, како сериозен кандидат за иден министер за култура, и едно нам драго име. Текстов сфатете го како навивање, или просто како симпатија кон ваквите ликови.
Во 1979, додека бил на европска турнеја, Том Вејтс oдржал концерт и во главниот град на Австрија, и се согласил да мине еден ден со филмска екипа. Погледнете го: има само 30 години, раскажува ко некој врач, и е многу сладок.
Во најновиот број на белградско Време (достапен само со претплата) Манчевски го објаснува својот однос кон фотографскиот медиум, и кон раскажувањето приказни. Наскоро, по премиерата во Венеција, ќе го презентираме и неговиот краток филм „Четврток“.
Британската организација за човекови права Реприв издаде соопштение, во кое ги обвинува властите во затворот дека блокирале достава на антологиската „Архипелагот Гулаг" за еден нивен штитеник.
„Музиката е просторот помеѓу нотите", велеше Kлод Дебиси, чиј 151 роденден Гугл го слави со дудл, а ние со превод на песната на Пол Верлен, која послужила како инспирација за познатата „Месечева светлина“.
Американскиот поет Кенет Голдсмит во уметничка галерија во Мексико сити успеа да собере 10 тони хартија со веб материјал, кои се дел од изложбата „Печатејќи го интернетот".
Песимизмот на Џакомо Леопарди (1798-1837) го поттикнал германскиот филозоф да го прогласи за свој „духовен брат". Но неговите белешки испишани на илјадници страници, сега издадени и на англиски, јасно покажуваат дека тој не само што бил најголемиот италијански поет по Данте, туку и еден од најрадикалните мислители на 19. век. Ништо помалку интересен е и спонзорот.
Дали помеѓу хип-хоп генерацијата и онаа која се бореше за граѓански права во Америка има длабоко недоразбирање околу тоа што претставува општествена одговорност? Дали Спрингстин е поангажиран поет од Џеј Зи? Излегува дека за оваа работа не е важно дали си црнец или белец - битно е дали си богат.
„Ако знаеме дека смртта е она со кое се раѓаме, тогаш ведрината е она што ни е потребно. Па ние сме смртни, секој од нас е, тоа сите го знаеме. Никој не може да се радува на нечија смрт, бидејќи таа го чека и него" - ова го изјави Мирко Ковач во едно од неговите последни интервјуа.
Ѕвончиња, жичани инструменти, длабоки и високи тонови, придружени со психоделични шарени кругчиња. И сето тоа генерирано од корисниците на најголемата интернет енциклопедија.
Бразилскиот уличен уметник Херберт Баљоне (Herbert Baglione) влегува во напуштени психијатриски болници и во нив црта сенки. Не знаеме кога болниците изгледале пострашно, дали претходно или сега.
Дури и на оние кои не се двојат од своите е-читачи би требало да им дојде грутка во грло од клипчево. На оние пак кои се искрени почитувачи на напишаното на хартија им е дозволено да пуштат и по некоја солза.
Ако сте приморани по цел ден да гледате цртани на некој од странските канали сигурно сте забележале дека во нив често се провлекува и по некој скриен цитат, иронија или референца кои како да сакаат кажат: јас (цртачот/сценаристот на глупиов цртан) бев роден и образован за повеќе од ова.
Петел, свирче, стап, Стојко, путка, круша - ова се само некои од изразите за полови органи во нашиот фолклор. Сепак прилично скромно во однос на обемниот список кој го составил лексикографот Џонатон Грин (Јоnathon Green).
Сајтот Letters of Note, кој објавува кореспонденции на разни познати личности, до сега никогаш не нè изневерил со автентичноста на објавените писма. Ова е сепак едно од понеобичните.
„Елипсис" е серија точки која најчесто укажува на намерно испуштање на збор или реченица, или поголем дел од цитиран текст, кој не е неопходен за разбирање на целината. Или по нашки - три точки.
Продавањето екстремно скапи производи - оригинални уметнички дела - на Амазон предизвикува лавини сатирични коментари од страна на корисниците. Еве еден таков случај, кој сигурно не е последен.
Кога Гиљермо Берт, уметник од Лос Анџелес, ги набљудувал шемите на прекривките на северноамериканските Индијанци, забележал чудна сличност на нивните мотиви со QR кодовите. Одлучил да се позанимава со комбинирање на современата технологија и традиционалните симболи и знаења, кои полека исчезнуваат.
Соочувајќи се со економска и со криза на читањето, библиотеките се обидуваат да најдат начини за да бидат актуелни и релевантни. Еден од нив - ставање на располагање на „човечки книги", од кои често може да се научи повеќе отколку од оние на хартија.
Дури и за еден не-гејмер темата на играва делува промашено. Покрај толку верзии на историски спектакли, тепачки, стратегии, кој е тој кој би сакал да си троши време на игра со човек што се мачи да напише роман, и тоа на машина за куцање?
Денес ни тргна со поезијата, па ќе продолжиме во тој дух. Ама овој пример е од оние необичните, за кои дури и оние кои не сакаат поезија би требало да имаат симпатии. Да имаат симпатии. Да имаат симпатии.
Искуството вели - дури и оние кои кон вас покажуваат извесна наклоност можат да бидат прилично цинични кога се работи за вашата навика да пишувате поезија. „Не мора баш за сè да има песна" и „од книгата ти вредат само цртежите" се нивните коментари. А кога би ви дале и совети, тие сигурно би биле слични со овие на Бук.
„Дали е до вложениот труд, или до вродената дарба?" - вака обично размислуваме за врвните уметници, во чии биографии најчесто се вели дека од мали покажале талент за областа во која подоцна се прославиле. Поретко истото прашање го поставуваме за врвните спортисти.