Bookbox

Британски музеј на медицинска историја повлече од каталогот остатоци од мртвородено африканско бебе

Музејот Ханторијан во својата колекција која е достапна на заинтересираните истражувачи до скоро имаше мртвородено бебе од африканско потекло. Истото е повлечено од каталогот (не и од збирката) по критика на британска писателка и авторка на нова документарна серија за човечките зоолошки градини од почетокот на 20 век.

Спорт-музика-спорт: Ерик Кантона ќе снима дебитантски албум

Најпознат е како фудбалер, eден од најдобрите на Манчестер Јунајтед на сите времиња. Но има и долга листа на актерски остварувања, што во театар и во серии, што на филм. Сега одлучил да се опроба и како пејач.

Славој Жижек предизвика скандал на Франкфуртскиот саем на книгата

Ситуацијата на Блискиот Исток е главна светска тема, а во согласност со тоа помина и отворањето на најголемиот саем на книгата во светот, франкфуртскиот Бухмесе. Со својот говор словенечкиот филозоф предизвика излегување од салата и протестни повици од голем број присутни, кои неговите зборови ги протолкуваа како оправдување на тероризмот на Хамас. 

Нов документарец му се помоча на Амазон

„Големата местенка на Амазон“ на младиот автор и провокатор Уба Батлер на креативен начин ја разоткрива експлоататорската политика на најголемиот онлајн трговец на светот, поради која вработените возачи мораат да уринираат во шише. Ако мислевте да појадувате симит-погача со газоза, одложете малку.

Човекот кој го промовираше цртањето на телевизија пред Боб Рос

Од најраните денови на телевизијата во 1946 до 1960, Џон Неги секоја недела ја пренесувал истата порака - без оглед колку сте смотани или неталентирани, секој може да направи цртеж следејќи неколку основни принципи. Неговото име е неправедно заборавено.

Како лимонадата му помогнала на Париз да се одбрани од чума

Дали жедта за лимонада, пијалокот кој го продавале децата по улици, го спасил францускиот главен град од целосно уништување во текот на епидемијата на Црната смрт? Дали габичната инфекција на житото довело до Крстоносните војни? Според книга на Том Нилон, трговец со антикварни книги и автор кој пишува за храна, сето ова е можно.

Сакаме вакво: када на расклопување од 19 век

Дали уживате во киснење во када (со вода стоплена на евтина струја), ама па на моменти посакувате да имавте поголемо купатило на сметка на местото што го зазема? Така размислувале креативни дизајнери од 19 век кои кадата ја ставале дури и во - дневна соба.

Франкфуртскиот саем на книга откажа церемонија на доделување награда на палестинска авторка

Неколку истакнати автори и издавачи од светот го обвинија Франкфуртскиот саем на книгата за „задушување“ палестински гласови, откако церемонија која требаше да се одржи во чест на палестинската авторка Аданија Шибли беше откажана поради актуелниот конфликт.

Кога превенцијата на катастрофи всушност предизвикува нови опасности

Во 1984 излезе книгата на Чарл Пероу, „Нормални несреќи“, која тврдеше дека прекумерното вградување на системи за безбедност и предупредување не дава резултати, односно дека тоа може да има и спротивен ефект, да ја зголеми сложеноста на системите и да создаде нови категории опасности. Од тогаш тоа многукратно се има потврдено. Меѓу другото и на Оскарите.

Сте чуле ли за народот Грико - етнички Грци од Италија?

Звучат необично, како Италијанци кои се обидуваат, ама не успеваат баш да зборуваат грчки. Всушност припадниците на народот Грико тврдат дека се потомци на големи средовековни па дури и древни грчки заедници кои некогаш постоеле на територијата на италијанските региони Апулија и Калабрија.

Лондончани во одбрана на уличната уметност направена од мастики

Поради генералка на Милениумскиот мост, делата кои уличниот уметник Бен Вилсон ги има правено последниве десет години треба да бидат отстранети. Во негова одбрана илјадници граѓани потпишаа петиција со која бараат тие да бидат заштитени.

„Фауст“ - прва во серија комеморативни монети со теми од германската книжевност

Едно од големите дела на германската книжевност, трагичната драма на Гете може да се толкува како предупредување, дека алчноста води кон катастрофа. Оттаму по малку е иронично што нејзините славни протагонисти, Фауст и Мефистофел, сега се наоѓаат на колекционерска паричка издадена од Министерството за финансии на Германија. Но по неа ќе следат уште седум, поврзани со други дела.

Идеја: СОС-линија за спасување предмети од семејното и културно наследство

Колку пати се случило предмети кои можеле да бидат дел од музејски и библиотечни колекции да завршат на буниште, затоа што сопствениците или не ја знаат нивната вистинска вредност, или ги немале вештините да ги реставрираат по поплава или пожар? Во Порторико смислиле единица за брзи интервенции за културно наследство, која пружа помош по повик.

„Секој за себе, а Бог против сите“: нов мемоар на Вернер Херцог

Пред нешто повеќе од една година пишувавме за дебитантскиот роман на Венер Херцог, „Светот на самракот“, посветен на јапонскиот војник кој 30 години не признавал капитулација по завршувањето на Втората светска војна. Сега славниот режисер има нова книга, овој пат мемоар, под интересен наслов, со уште поинтересни анегдоти кои и да се измислени вредат суво злато.

Како ефектно да формулираш забрана?

Еден мит со децении кружи низ националните паркови во САД - дека секој кој нелегално ќе земе парче фосилизирано древно дрво од таму ќе биде доживотно проколнат. Стотици луѓе кои го сториле ова подоцна зажалиле за делото и го вратиле украденото, заедно со писма во кои го изразуваат своето каење. Но една промена во тактиката на парковите почнала драстично да го намалува бројот на кражби.

Пердувеста симфонија - новозеландски оркестар свиреше за кокошки

Не се мисли на „кокошки“ во форма на шмизли од женски род, туку на реални домашни птици. На фарма во Нов Зеланд е компонирана и изведена композиција специјално за нив и нивната благосостојба. Ако се најде јунак, во околина на Скопје препорачуваме една фарма за кози, каде се произведува одлично сирење. 

Читачки клуб конечно ја заврши книгата што ја почна пред 28 години

Еднаш месечно во изминатите речиси три децении, режисерот Гери Фиалка, познат како соработник на Френк Запа, ги собирал членовите на својот книжевен клуб за да ја читаат „Финегановото бдеење“ на Џојс. Пред неколку дена тие конечно стигнаа до последната страница. Која изгледа дека и не им е баш последна...

Славниот диригент кој станал жртва на скандалозна врска со вештерка

Сер Јуџин Гусенс бил британски композитор и диригент, другар на Пикасо и на Стравински и човек со чие име се поврзува огромниот проект на изградба на Сиднејската опера. Истовремено, тоа е човекот кој загубил сè поради својата контроверзна врска со тн. „Вештерка од Кингс Крос“.

Колку чини планетата Земја?

Да, убаво прочитавте. Прашањето делува необично затоа што сметаме дека вредноста на нашата планета е непроценлива. Но еден астроном успеал да ѝ стави цена. Таа во моментов е превисока, но како што сме тргнале, наскоро може да биде на попуст.

Нашата пошта да гледа и да учи: приказната за батаљонот 6888

„Сикс трипл ејт“ била единствена целосно женска воена единица на американската војска испратена преку океанот во текот на Втората светска војна. Се состоела главно од црни и латино девојки и жени, а нивното мото било - „Нема пошта-нема волја за борба“.

Кoj e фаворит за овогодинешната Нобелова за литература?

Харуки Мураками, Маргарет Атвуд и Салман Ружди традиционално се на списокот и за 2023. Но тука е и кинеската авторка Чен Шуе, како и Норвежанецот Јун Фосе. Кој ќе ја добие останува да се види денес (четврток, 5.10) во 13 часот, освен ако повторно не протече некоја информација како што тоа се случи вчера, со добитниците за хемија.

Грешки вредни за Нобел: кога комитетот му јавил на чистач на теписи дека е добитник на наградата за хемија

Комитетите кои одлучуваат кои ќе бидат годишните добитници на високото признание во различни области го прават тоа обврзувајќи се на строга тајност. Првично, записниците од дискусиите требало да се држат во бункер засекогаш, но сега деталите за процесите можат да се објават по 50 години. Еве неколку интересни приказни кои притоа биле обелоденети, заедно со пар забуни и грешки.

Која била првата забранета книга во историјата?

Нема појак доказ од моќта на пишаниот збор од фактот дека историски луѓето на кои тој збор не им одговарал по секоја цена сакале да го забранат. Иако што било „прво“ често пати е тешко да се лоцира, јасно е дека во минатото (а во некои контексти и денес) да се пишува нешто против мејнстримот било опасно не само по книгата, туку и по животот.