
Кинотека, понеделник 6 октомври, од 19 часот
Организатори: Македонско студентско етнолошко друштво во соработка со Институтот за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ
1."Силниот човек од Буренг“ 75’
Режисер: Мавро Бучи/Mauro Bucci
2023
Поранешниот војник на ООН, Еса, побегнал од Гамбија во Финска, каде што успешно изградил бизнис со кој го издржува своето семејство. Во неговото родно место Буренг, тој е славен како херој. За време на една посета дома, светските настани го стигнуваат: појавата на коронавирусот го доведува во прашање враќањето на Еса во Европа и неговото барање за обновување на дозволата за престој, туркајќи го во една од најсериозните кризи во неговиот живот.
2. „Ама“ 8’
Режија: Клаудија Чау/Claudia Chau
Постојат многу начини да се загуби сопствениот идентитет. Еден од нив се нашите имиња. Во кинеската култура имињата се дел од наследството, тие ги обединуваат семејствата. Но, растојанието, времето и самиот живот нè оддалечуваат. Клаудија започнува потрага по последното семејно презиме и вистинското име на својата баба на кинески, која таа ја знае како Ама. Филмот е омаж за нејзината баба.
3. „Живеејќи помеѓу мртвите“/Living Among the Dead
режија Ада Рајковиќ
Млада американска режисерка, израсната од југословенски имигранти, патува во поранешна Југославија повеќе од триесет години по распадот на земјата, во потрага по татковината за која нејзиното семејство никогаш не зборувало.
4. „Должник на мртвите“/ Indebted to Departed 29’
режија: Драгољуб Златаковиќ (Србија)
Драгољуб Златковиќ, неуморно собирајќи народни богатства од Пиротскиот регион цели 60 години, спаси од заборав повеќе од 50.000 зборови од пиротскиот говор во Речникот на пиротскиот говор, кој има четири дополнувања. Со својата работа успеа да сочува цел еден свет – обичаи, култура, јазик и традиција – од исчезнување, а тоа неуморно го прави и денес, иако е во позни години. Автор на филмот е Александар Ќириќ, кој е режисер, сценарист, снимател и монтажер.
Кинотека, вторник 7 октомври, од 19 часот
5. Училиште за живот/School for Life 60’
Манца Филак/Manca Filak (Словенија)
За Михаела, образованието е неразделно од секојдневниот живот – вплетено во домашните обврски, играта, градинарството и семејните односи. Филмот нежно набљудува како учењето и воспитувањето се одвиваат во спонтаните секојдневни моменти и како го обликуваат семејниот ритам меѓу 2021 и 2022 година, период обележан од пандемијата на Ковид-19 и едногодишното родителско отсуство на Боштјан.
6. Врзувачот на мушички/The Fly Tyer 26’
Виктор Трајановски и Филип Јорданов (Македонија)
Овој филм ја прикажува практичната страна на создавањето, врзувањето и употребата на мушички, како и важноста на оваа техника за аматерскиот риболов. Главниот лик во филмот е Георги Ивановски, врзувач на мушички кој се обидува да го пренесе овој занает на пошироката публика.
7. Кореографии кон загуба/Choreographies Тowards Loss 60’
(Исланд, Норвешка, Шведска)
Филмот го следи режисерот кој патува за да сретне различни луѓе и места поврзани со оваа изумрена птица – од домот на авторот на книгата The Great Auk во Англија, до стариот Зоолошки музеј во Копенхаген, каде што во стаклени садови се чуваат внатрешните органи на последните два големи алка. Преку нивните приказни и набљудувања, филмот се навраќа на животот на еден вид што никогаш повеќе нема да се врати.
8. Обичен херој 13’
режија: Јован Цветкоски (Македонија)
Обичен Херој ја раскажува приказната на Дмитар Свилар, човек со 200 дарувања крв, кој спасува животи додека самиот преживува на маргините на општеството. Филмот е интимен портрет на херојството што не бара признание и на човечноста што продолжува да трае дури и кога светот ја игнорира.
9. „Не плети лесо“ 11’
Бојан Петковски (Македонија)
„Не плети лесо“ е визуелен и аудитивен приказ за иницијацискиот обред на заплетување на идната невеста. Фрагментот опфатен во филмуваната реконструкција одразува разновиден и впечатлив тек на секвенцата која акцентот го става на косата како ознака за премин од една во друга социјална категорија.