Bookbox

Со игла и конец се зашиваат вандализирани портрети на жртви од холокаустот

Што да се направи кога во една средина ќе се појават екстремистички групи кои се обидуваат да шират омраза? Да се земат работите во свои раце, и да се покаже дека не се сите исти. 

Чернобил: кој бил вистинскиот Валери Легасов?

Во последната, петта епизода од мини-серијата, главниот истражувач на причините за несреќата пред судот и поротата одржува примитивен пандан на Пауер поинт презентација, кој би требало да стане модел за предавање нуклеарна физика. Од неа конечно ни стана јасно што се случило таа кобна ноќ во 1986. Кој бил храбриот човек кој се осмелил да ја соопшти вистината?

Галеријата што изложи дело од 4.5 милиони долари во женски затвор

Ова е последната станица на една необична турнеја, на слика која некое време престојуваше во училиште, во библиотека и во докторска ординација.

Kaко слеп фотограф го гледа светот

Иан Трерне (Ian Treherne) ја поставува камерата со невидена прецизност. Блендата кликнува и тој чувствува дали е тоа фотографијата којашто ја сака. Иако е речиси целосно слеп, тој ги гледа работите што другите не ги гледаат.

Рекордни осум победници на натпреварот „Спелинг Би“

Наспроти интуитивната претпоставка дека денешните деца, бидејќи по цел ден седат на компјутер и не читаат, не би знаеле да си го спелуваат ни името, оваа година дури осум од нив ја поделија наградата во натпревар кој се оддржува од 1925.

Кога мексиканскиот претседател се обидел да го спаси Фројд

Што ќе се случело доколку Фројд ја прифател понудата за азил на Лазаро Карденас? Ќе се запознаел со Фрида Кало, со Троцки, и кој знае како сето ова би влијаело на историјата на психоанализата. 

Потеклото на знакчето за „долар“

Од сите знаци кои асоцираат на пари, S-oт со две цртки е убедливо најпрепознатливиот. Без оглед дали светка во очите на алчните ликови од стриповите (се сеќавате на Баја Патак?), или на градите на раперите, симболот на доларот има интересна историја.

Кога во живо ќе сфатиш дека има огромна грешка во твојата книга

Иако е во суштина скандал, учесниците во него се држат прилично цивилизирано. Од една страна радио водител кој без ронка милост среде интервју покажува дека клучен термин врз кој се потпира нова книга е погрешен. И од другата страна славна авторка на истата таа книга, која иако е фатена на препад сепак достоинствено го прифаќа фактот дека, ете, згрешила. И така можело.

15-та книга и 25 години творештво на Јовица Ивановски

Набилдана месечина е избор од 135 песни на авторот Јовица Ивановски, роден во 1961 година, а поетски активен веќе дваесет и пет години, со четиринаесет издадени збирки поезија и препеан на петнаесетина јазици.

Сведоштвата од Чернобил

Мини серијата на ХБО во пет продолженија, од која до сега се прикажани четири, ја актуелизира подзаборавената тема за советскиот нуклеарен реактор и за тој мај 1986 кога веста за неговата експлозија до нас стигна во форма на забрана за јадење марули и играње на дожд. Но последиците за огромен број луѓе, и по сè што некогаш било живо во непосредна близина на несреќата, се чувствуваат и денес. 

Лени Кравиц како (добар) фотограф

Во галеријата Лајка германскиот град Ветцлар музичарот отвори фото-изложба под наслов „Скитник“ (Дрифтер).

Taблетот за описменување кој патува качен на магаре

До 2016 во селата во Мозамбик никој немал видено компјутер. А овој е посебен - се состои од четири ел-це-де екрани на допир, напојувани од соларни панели и влечени од магаре.

Maстило направено од загаден воздух

45 минути автомобилско дизел согорување дава 30 милилитри AIR-INK. Неговиот пронаоѓач е по потекло од Индија, но и кај нас би наполнил доста пенкала.

Наградени на ФИЛМАЈ - Куманово 2019

ФИЛМАЈ 2019 е прво издание на меѓународниот фестивал за краток филм во организација на фото-кино клуб `Козјак` - Куманово.

Човекот заслужен за славата на Ајнштајн

Тешко е да се замисли време кога ликот и делото на Ајнштајн не биле познати. Но да не се појавел еден астроном кој ги промовирал неговите теории, тој можеби ќе останел само фуснота.

Обид за убиство поради книжевен спојлер

За некој што не гледа ГоТ, интензитетот на чувствата поврзани со постирање спојлери за нови епизоди од серијата е феномен. Со клетви, со закани, со исклучување од Твитер, со сè. Но сериозноста на реакциите не се однесувала само на серии и филмови, туку и на книги.

Нов документарец за љубовта меѓу Коен и неговата Мериен

Во 2016, по повод смртта на Мериен Илен, долгогодишната придружничка на Леонард Коен, тој ѝ напиша трогателно писмо, кое ја потсети јавноста на нивната врска. Можеби токму тоа било инспирација за режисерот на новиот филм, под наслов „Зборови на љубовта“.

Нова графичка новела за Били Холидеј

Уметникот Паоло Париси до сега има правено графички новели за сликарот Жан Мишел Баскијат и за џезерот Џон Колтрејн. Сега негова тема е една од најголемите пејачки на сите времиња.

Заборавениот музеј на забранета уметност во Узбекистан основан од електричар

Сместен е среде никаде, но поседува една од најголемите светски збирки на авангардна уметност, која била спасена од чистките на Сталин. Херојот бил еден електричар.

Господарката на Старата чаршија

Обраќањето на Алек Попов од вчера, 21.5, при примањето на наградата Про-за Балкан за 2019. За малите и топли приказни, наспроти ледените ветришта на гордоста. И за смисолот за хумор како тест за интелигенција. 

Сирење направено од бактерии од папок и мишки на славни личности

За некого ултимативен гест на обожавање на нечиј лик и дело е да поседува парче облека, инструмент или своерачно напишана белешка од славната личност. Ама ова е изгледа следно ниво.

Kанскиот фестивал критикуван затоа што го награди Ален Делон

И покрај критиките кои доаѓаат од сите страни заради неговите расистички и сексистички коментари, Фестивалот вчера, 20.5 сепак му ја додели наградата на 83-годишниот Делон за неговата шеесетгодишна кариера.

Чија е музиката со која се отвара Евровизија?

Повеќе од 60 години Евровизискиот натпревар официјално се отвара со мелодија која сигурно сте ја слушнале, но можеби не сте знаеле дека е од доцниот 17 век, и е свечена песна за победа на една европска војска, над друга.

Што се користело пред тоалет хартијата?

На сите ни се случило - посегнуваш по местото на кое обично стои хартијата, и сфаќаш дека баш во тој критичен момент снемало. Или ќесата со резерва стои на другиот крај од купатилото и треба да станеш по неа. А што кога таа воопшто не би постоела?