Првиот апарат кој го имал Лени бил Лајкафлекс на татко му. Сејмор Кравиц бил фото-репортер кој ја покривал војната во Виетнам, а кога син му наполнил 21 година, му ја подарил камерата. Тогаш Лени ја открил својата љубов кон фотографијата.
Подоцна, како веќе славен музичар, тој се спријателил со познати фотографи, во чии лаборатории и студија минувал долго време, учејќи го занаетот. Идејата ова хоби да прерасне во нешто посериозно се родила кога еден ден го извадил апаратот на црвениот тепих по повод некој настан и едноставно почнал да чкрапа. Фотографиите излегле толку долбри што Кравиц во 2015 ја одржал својата прва изложба „Флеш“, а издал и книга.
Истата година Лајка лансирала специјална камера дизајнирана од Лени. Сосема новиот апарат бил така направен за да изгледа како да бил користен 20 години, со гребнатинки и „патина“. Познат како „Кореспондент“, тој е направен во спомен на Сејмор Кравиц. Биле произведени само 125 камери, секоја со цена од околу 20.000 евра.
Сега Кравиц по втор пат соработува со Лајка, со тоа што на отварањето на изложбата промовира нов модел Лајка М Монохром (на фотото горе) со прекривка од синтетичка кожа од питон. Што се однесува до фотографиите, Кравиц прави црно-бели фотографии, кои често ги откриваат нештата што се случуваат зад сцената. Некои од фотографиите прикажуваат места и луѓе од татковината на неговиот дедо, Бахамите. А има и тотално надреални сцени, како слика на коњ во тоалет на скап ресторан.
Изложбата ќе трае до 25 август.