Изгледа како шоу кое патува низ селските средини на Мозамбик, а кое почнува со музика за да привлече публика, а потоа продолжува со триминутен филм на најголемиот екран. Иако темата, дигитална и генерална писменост - можеби не звучи најзабавно, сите, од најмало до најстаро, се заинтересирани за подвижните слики.
По филмот публиката се повикува да ги користи помалите таблети за да одговори серија прашања за она што го гледале, а има и награди, маици и капчиња за оние со најмногу бодови. За децата од предшколска возраст и за неписмените прашањата се поставуваат преку слики.
Организацијата која стои зад оваа акција се вика „Комјунити таблет“, и таа се обидува мобилната технологија да ја искористи за образование и отварање можности во оддалечените рурални области, од добивање здравствени информации, мобилно банкарство до гласање на избори. Во Мозамбик, каде помалку од половината од 31-милионското население има пристап до компјутер, и претходно имало слични иницијативи (како Лаптоп за секое дете), но како што обично бива тие не ги дале посакуваните резултати.
Сега Дејн Амаде со своето магаре сака да ги поедноставни работите и да се фокусира на она што функционира, а не на она што само изгледа добро. Тој дошол на оваа идеја додека ги гледал сопствените деца, колку бргу учат гледајќи видеа и користејќи таблети. Но бидејќи не можел да обезбеди таблети за сите селски деца, одлучил да им донесе неколку за колективно користење. По пат направил и некои грешки, како на пример кога направил видео за важноста на хигиената и превенција на колера, кое предизвикало скандал во муслиманска заедница затоа што на него некој го бришел задникот со десна рака. Сега сите видеа и содржини најпрвин се покажуваат на антрополози и психолози од универзитетот во Мапуто.
До сега таблетот и магарето имаат посетено 90 села.