Наградени на ФИЛМАЈ - Куманово 2019

ФИЛМАЈ 2019 е прво издание на меѓународниот фестивал за краток филм во организација на фото-кино клуб `Козјак` - Куманово.

На овогодинешниот конкурс се пријавија 45 филма од 8 држави (Македонија, Бугарија, Србија, Грција, Германија, Холандија, Турција и САД).

Трочленото жири составено од Ивица Димитријевиќ (актер, режисер), Мартин Иванов (монтажер, режисер) и Денковски Драган (почесен член на фото-кино клуб `Козјак` - Куманово) ги додели следниве признанија:
- награда `Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија на Ото Ројшел (Otto Reuschel) за филмот `Риски` (`RISKI`)
- награда `Радислав Ристевски` за најдобра кинематографија за Росен Савков за филмот `Тими`
(`Timmy`)
- награда `Козјак` за најдобро сценарио за Лидија Мојсовска за `Награда` (`Тhe Award`).

Дополнителни дипломи за особено признание е одлучено да се додели на следниве филмови: `ХАКИЕ – ХАКИ . Живеејќи како маж` на Анабела Ангеловска, `Запирка` на Сезер Салихи, `Мишко` на Ханис Багашов, и `Заб` на Ајдин Ислами.

Сите горенаведени седум филма ќе бидат прикажани во фестивалската вечер на 29 мај 2019 година. Влезот ќе биде слободен (бесплатен) за сите посетители.

27 мај 2019 - 12:24