Bookbox

Љубовна преписка помеѓу некогашни затвореници која траела 60 години

И двајцата биле жртви на советскиот Гулаг. Владимир бил осуден на 10 години тешка физичка работа, а Ивана се водела како затвореник број 108. Никогаш не се сретнале, но на нивното допишување таа се сеќава и денес, на 93 години.

Излегува продолжение на бестселерот „Капиталот во 21 век“ на Томас Пикети

„Капиталот и идеологијата“ се надоврзува на темите начнати во претходната книга, која се продаде во 2 милиони примероци.

Зошто сликата „од мајмун до човек“ е погрешна?

Еволуцијата не следи некој предодреден, рамномерен пат. Па сепак, масовно користената визуелизација на овој процес ја прикажува токму така - како развој од примитивно кон напредно.

Топ книги на тема лажни вести

Живееме во доба на лажни вести, но манипулациите во оваа област не се нови, исто како и обидите да се опише, анализира и предвиди нивното влијание врз политичкиот живот. Покрај антологиската „1984“, еве уште неколку книги кои тоа го правеле многу пред времето на интернет.

Зошто не можете да чувате черепи од роднини по дома?

Ова што следи е извадок од нова книга на една за многумина мрачна тема - ракување со остатоците од телата на блиски, по нивната смрт. Доколку сте со осетливи нерви и стомак, имаме само еден спојлер за вас, после кој може да одлучите дали да продолжите со читање: кожојадни бубачки.

Зошто белците не смеат да кажат„црнец“?

Ги знаете тие „ризични“ зборови, кои дури и да не се употребени како навреда можат да создадат проблеми. „Шиптар“, „Циган“, „педер“, сè во врска со „Македонија“. Да имавме повеќе црнци, и тоа ќе беше спорно.

Букер 2019: во финалето книга од 1000 страници и само осум реченици

Вчера, 3.9, беа објавени финалистите за овогодинешната Букерова награда. На списокот има шест автори и исто толку дела, но едно се издвојува по својата необичност.

Гласот кој кршеше стакла

Koга научно-популарен мит ќе се спои со џез легенда во антологиска рекламна кампања.

„Како?“ - нова книга од цртачот на стрипот xkcd

По „Што ако?“ од 2014, која се занимаваше со „сложени прашања кои допираат до с’ржта на човечкото постоење“, нашиот омилен стрип цртач денес (3.9) издаде нова книга. Насловот е некако логично продолжение на претходната.

Модерните мажи погрешно го разбираат стоицизмот

„Стоицизам“ многумина ги асоцира на трпење и на потиснување чувства. Но класичниот концепт е всушност сосема спротивен и подразбира активен однос со околината и со себеси.

Венеција 2019: најинтересното од овогодинешниот фестивал

76-тиот Венецијански филмски фестивал почна на 28 август, а со тоа и есенската сезона на филмски награди. Во текот на годините премиера тука имаа голем број значајни филмови (пред 25 години и нашиот „Пред дождот“), а изгледа дека и оваа помеѓу насловите има такви кои со нетрпение ќе ги очекуваме.

„Охрид експрес“ или возот кој ќе беше подобро никогаш да не забрза

Двајца Французи во 1972 прават филм за возот Ќирчо, кој во тоа време сообраќал три пати дневно од Охрид, еднаш со товар (главно дрва и жито) до Пресека за повеќе од три часа часа, а со патници до Кичево за 7 часа. Пред неколку години кога тој беше oткриен од нашите медиуми, тие се концентрираа токму на вовчето. Но тука има многу повеќе од тоа.

Дејвид Брн покренува онлајн списание само со добри вести

Навистина, колку пати сте помислиле дека на интернетов има премногу мракови, црни хроники, лажни вести, глупости, а нема нешто што би нè орасположило и би ни дало реална причина за оптимизам? Епа, Дејвид Брн не е од оние што чекаат некој да направи нешто во врска со тоа.

Tајниот магацин полн со скапи Стенвеј клавири

Само тројца имаат пристап до „трезорот“, каде цената на пијаната почнува од 250.000 долари.

Необичната традиција на разговарање со пчели

Да го искористиме бранот на интерес за пчелите и односот на човекот кон природата инициран од „Медена земја“ и да раскажеме за една необична традиција во Британија, според која пчелите морале да бидат информирани за сите позначајни настани во семејството кое ги чувало.

Библиотечни фискални со поука

Јавната библиотека во Вичита има добар систем. На сметките кои ги издаваат кога некој ќе позајми книга, пишува колку тој заштедил (со тоа што не ја купил книгата). Цифрите се импозантни, секако под услов да си редовен читач.

Неславната кариера на Витгенштајн како учител во основно

Чувствувал вина заради аристократското потекло. Мислел дека во филозофијата кажал сè што имал да каже. И - станал селски учител. Само што не издржал долго со нервите.

Jапонската писателка инспирирана од дневникот на Ана Франк

Јоко Огава има долга кариера и е авторка на повеќе од 40 романи. Во Јапонија е славна, но во англиското говорно подрачје нејзиното име допрва се очекува да стане познато, по преводот на нејзината најнова книга, „Мемориска полиција“.

Пред да стане писател Ден Браун бил поп пејач (и напишал песна за телефонски секс)

Непосредно по дипломирањето, авторот на „Кодот на да Винчи“ почнал музичка кариера - само тој и синтисајзерот. Од тој период останале неколку интересни, а ретко спомнувани дела. Додуша, не е ни чудо зошто не се фали со нив.

Јапонски ресторан во кој служат луѓе со деменција

Во светот, 35 милиони луѓе живеат со деменција. Се смета дека оваа бројка до 2050-та ќе порасне на 115 милиони. Како овие луѓе да се социјализираат и да се чувствуваат корисно? Еден ресторан во Токио има решение.

Омразата не е ни „рак-рана“, ни „епидемија“, туку - згрутчено млеко

Kaко се формираат групи кои шират омраза? И каква врска има тоа со физика и хемија?

Нова дефиниција на „музеј“ предизвикува меѓународна дебата

ИКОМ (Меѓународниот совет на музеи) во септември треба да гласа за редефинирање на самата институција со чиј развој и заштита се занимава. Предложената промена вклучува термини како „социјална правда“ или „глобална еднаквост“. Критичарите велат дека за повеќето музеи ова е идеолошки обременета дефиниција.

Kнига со покајнички писма за - украдени камења

На англиски се викаат „писма на совест“ (conscience letters) и во случајов претставуваат придружни белешки кон вратени фосилни парчиња дрва и карпи, некогаш украдени од национален парк во Аризона.