Убаво си пишува на Википедија - писателот Ден Браун, пред да стане писател, издал детска касета под наслов „СинтЖивотни“ која се продала во неколку стотини примероци. Потоа самообјавил ЦД со музика за возрасни, „Перспектива“, и се преселил во Холивуд за да почне кариера како пејач и пијанист. Во 1994 објавил второ ЦД под наслов „Ангели и демони“, со истата корица како подоцна и книгата под ист наслов, на кое има и религиозни балади, на пример една под наслов „Сè во што верувам“.
Неодамна Базфид го актуелизираше овој помалку спомнуван дел од кариерата на Браун, објавувајќи песна од првото ЦД, под наслов „976 LOVE", опишувајќи ја како „восхитувачки грозна“. Освен очигледната фасцинација со нумерологија на Браун која датирала уште од раните 90-ти, и стиховите најавуваат автор-симболист -
„Те носам во кревет и го притискам телефонот до главата/Правиш да се чувствувам како маж“.
И ова е истиот човек кој има продадено над 200 милиони книги.