Bookbox

Што е тоа „клиоепидемиологија“?

„Минатото е вовед“, вели Шекспир во својата драма „Бура“, во смисла на тоа дека во минатото се содржат никулците на она што се случува, или би требало да се случува во сегашноста. Тоа „би требало“ во контекст на пандемијата сепак не го имаме научено од историјата.

Културната историја на балконите

Колку и да се мали и тесни, сфаќате колку значат во момент кога тоа е единственото „надвор“ кое можете безбедно да го уживате.

(Зло)употреба на јазикот во време на корона

За вирусот често се зборува преку воени метафори. Што ни кажува тоа за оние кои ги користат? Дали може да се зборува за пандемијата на поинаков, конструктивен начин?

Креативност на денот: музејска прошетка за миленици

„Милениците“ се всушност пар глувци, чии сопственици вложиле навистина голем труд во тоа да им обезбедат малку забава и културна надоградба во овие тешки моменти.

Реклама од 17 век за „славен и ефикасен“ лек против чумата

Секоја епидемија отвара можност за различни профитери, измамници, квази-лекари. Ништо поразлично не било ни во 1665.

Човекот кој патуваше низ светот шетајќи низ својата соба

Неодамна пишувавме за Силабус, сајт кој прави неделен избор на релевантни текстови од различни области. Чепкајќи низ него наидовме на подкаст кој, чекор по чекор, нè доведе до приказната за француски војник, кој затворен во домашен притвор напишал фантастично дело за далечни патувања. Низ неговата соба.

„Коронахумор“: збирка на Етнографскиот музеј на Словенија

Кога велиме дека пандемијата е тест за голем број институции, не мислиме само на болници, министерства и војска, туку и за оние од областа на културата. Еве како реагира една, барем географски не толку далеку од нас.

„Валцер за изолација“ на еден 7-годишен композитор

Првиот час по пијано го имал од татко му, професионален музичар, кога имал само три години. На шест настапил во Карнеги хол. А сега, на седум, компонирал валцер за полесно справување со изолацијата.

Вистината за чудесните откритија на Њутн за време на чумата

Во 1665-1666 Тринити колеџ, местото каде што студирал Исак Њутн, морал да биде затворен заради епидемија на бубонска чума. Неоптоварен со видео конференции преку Зум или задачи испратени преку Вибер, Исак на својот селски имот успеал да се сконцентрира на нештата кои го преокупирале, и да остави траен белег во науката. Но дали ова било пресудно за неговите епохални откритија?

„Силабус“: сајт со содржина која не зависи од кликови

За самиот да не губи време по интернет во потрага по релевантни информации, Евгениј Морозов одлучил да создаде ефикасен и самоодржлив систем, кој сега се покажува особено корисен во контекст на пандемијата. 

Го знаеш оној за короната?: смешното во време на трагедија

Хуморот ни создава чувство дека ситуацијата е под контрола (штом за неа можеме да се смееме), и дека сме поврзани со други луѓе, на кои истата работа им е смешна. Па има ли подобри причини за повеќе да се смееме во моментов?

Дејвид Брн ќе објави книга според албумот „Американска утопија“

Пред две години пишувавме за првиот соло албум на Брн по повеќе од една деценија. Наскоро ќе излезе и придружна книга.

Зошто плачеме?

Нова книга се обидува да објасни што е причината за нашите солзи и притоа комбинира биологија, поезија и историја. Сте чуле ли, на пример, за молец што пие птичји солзи?

Kaко се вика кога ти недостасува неодамнешното минато?

Терминот „носталгија“ во дигиталниот речник на македонскиот јазик е дефиниран како „копнеж по минатото, по неповратното“. Она што психолошки ни се случува во моментов е блиску, но не и сосема исто со опишаното.

Италија наспроти Кина: зошто некои култури подобро се справуваат со патогени?

Гад Саад е еволутивен психолог, кој во основа го тврди следново: колективистичките култури се развиле онаму каде што историски имало поголема опасност од патогени. И тие денес се оние кои најдобро се снаоѓаат во ситуацијата.

Музиката за хорори на Кжиштоф Пендерецки

Ако се восхитувате на „Сјаење“ на Кјубрик, „Островото Шатер“ на Скорсезе или „Диви во срцето“ на Дејвид Линч, тогаш можеби и без да знаете сте фан на најголемиот полски композитор.

Дали треба да има закон за пријателство?

Помеѓу блиски пријатели некои работи би требало да се подразбираат. Но во дигитално доба нашата грижа за нивната приватност треба да е уште понагласена. Некои велат дури и законски регулирана.

Музејски предизвик: претставете познати уметнички дела со нешта што ви се наоѓаат по дома

Музејот Гети од Лос Анѓелес во моментов е затворен за јавноста. Но тој почна онлајн кампања за рекреирање на дела со луѓе, животни и предмети што ги имате низ дома.

Сите ние сме Едвард Хопер

Веројатно нема подобра визуелна илустрација на осаменоста во модерната историја на уметноста, од делата на човекот кој сликаше социјално изолирани луѓе. Кои не изгледаат тажно, но сепак предизвикуваат чувства на носталгија и меланхолија кои тешко се изразуваат со зборови.

КОВИД-19 е најбрзо внесениот збор во речник

Во оној официјалниот на македонскиот јазик можеби ќе се воведе (ако воопшто) во некоја далечна иднина, кога светот ќе го тресе некоја нова пандемија. Но во Меријам-Вебстер, речникот на англиски јазик, ова е термин кој се најде побргу од AIDS, за само 34 дена од официјалното соопштение за вирусот на СЗО.

Дали Шекспир го напишал „Крал Лир“ во карантин?

Во време на Шекспир чумата, исто како и денешнава „чума“, ги опустошувала улиците и ги затворала театрите. Дали тој ја напишал својата мрачна драма додека бил во самоизолација во текот на 1606?

Село гори, Дилан објавува песна за Кенеди

Среде глобалната окупација која ни се случува поради пандемијата на коронавирусот, Боб Дилан слободарски реши да крикне, да го прекине авторскиот целибат и после цели осум години да направи нова песна. За убиството на Кенеди.

Светицата со круна: приказната за св. Корона (Стефанида)

Соочени со близината на можната смрт заедниците се навраќаат на подзаборавени верувања и обреди. Кај нас, на пример, од камионче се осветуваа улиците на Велес. Во католичката црква, пак, се сетија дека постои светица под име Корона. Кај нас таа се слави заедно со св. Виктор, на 11 ноември, и се вика св. Стефанида.