Го нарекуваат „грчкиот Шопен“. Стелиос Керасидис од Атина има седум години а веќе може да се пофали не само со настапи како соло пијанист, туку и со три сопствени композиции.
Најновата се вика „Изолациски валцер“ и е инспирирана од пандемијата. Мелодијата потсетува, да, на Шопен, но и на пијаното на Јан Тирсен од „Амели Пулен“.
Во ова видео кое до сега на јутјуб е погледнато повеќе од 65.000 пати, Стелиос вели: „Ајде да бидеме малку пострпливи и наскоро ќе пливаме во морето“
Од твоја клавијатура, во божји уши...
Еве како на 5 години го свири Бах, качен на две столчиња
Види претходно: „Рахмањинов, проблем ли е?“