Реклама од 17 век за „славен и ефикасен“ лек против чумата

Секоја епидемија отвара можност за различни профитери, измамници, квази-лекари. Ништо поразлично не било ни во 1665.

Моменталната пандемија ги поттикнува истражувачите на историските архиви да прочепкаат по начините на кои нашите предци се справувале со заразните болести.

Паниката и огромниот број смртни случаи за време на бубонската чума во Европа поттикнало лажни доктори да се обидуваат да продаваат исти такви лекови. Се рекламирале различни апови и напивки кои не само што биле тотално неефикасни, туку често биле и многу скапи.

Во Британскaта библиотека се чува еден таков оглас за „славно и ефикасно лекарство против чумата“. Во него се наведува и список на имиња на луѓе кои наводно се излечиле со неговото користење (над педесет од нив), како „госпоѓа Адкинс од Ковен Гарден“ или „Ендрју Беџет од Ст. Џилс“. Станувало збор за некаков црвен прав направен од жалфија, глуварче и други лековити билки, кој бил најефикасен доколку се пиел разматен во пиво. Помагал и против ситни сипаници и трески, а за деца наместо едно пакување требало да се користи половина доза (целиот транскрипт од рекламата тука)

Реалната медицина од 17 век нешто подобро излегувала на крај со чумата отколку лекарите три века порано, кога таа се појавила прв пат во Европа. Тие препорачувале, меѓу другото, јадење „сенф, сос од нане или јаболко и рен“, како и триење со кромид. Најбизарниот метод - мачкање по цело тело со делови од исецкани гулаби или змии!

Лилјаци додуша не се спомнати.

извор

8 април 2020 - 19:04