Навредливиот израз „шитсторм" (или на англиски - S***storm) доби на популарност во германските медиуми и секојдневниот говор по кризата во еврозоната. Не само што него го употребуваат „обичните" Германци, туку тој се најде и во устата на канцеларката Меркел, која го изговорила неодамна при некаков јавен собир.
Според Дуден, зборот е именка, во машки род и означува бура од протести во медиум, особено на интернет, која е поврзана со навредувачки забелешки.
Во 2012 овој израз бил прогласен за „англицизам на годината", од страна на јазични експерти, на годишниот конкурс кој се организира на Универзитетот во Хамбург. Најблизок еквивалент на „бура од срања" на германски би била „критика", што секако не е ни одблиску толку живописно.
Интересно е што употребата на некои англицизми како download, job-hopping или eye-cather предизвикале реакции во јавноста, бурава на Меркел ама баш никого не вознемирила.