Бавчи › Јана / Штикли на калдрма

Кратка Убер-хорор приказна

Убер ми е една од најомилените апликации во телефон. Обожавам такви пријатни и корисни тракатанци. Толку ми е корисна, што ќе продолжам да ја користам дури и покрај тоа што еднаш ми се случи, макар на секунда, да сум уверена дека ќе умрам во Уберот, или барем во негова близина.

Романтични гестови кои жените ги обожуваат

Лутајќи по женските страни на македонскиот интернет, човек може да налета на такви едни неверојатни бисери, да мора цел ден да му се упропасти после во запрашување себеси: дали е можно некој стварно да се раководи според такви ослепувачки глупости?

Скопје, кафичи и пушење

Него кафана не му е место каде што се збираат неговите родители, роднини, пријатели да разменат фини, културни и забавни муабети, со кафе, пијачка и цигара. Не му е место каде што ќе земе воздух од напорен ден, не му е место каде што ќе се види со луѓе што го исполнуваат.

Инептократија

Ајде да замислиме дека не е ова држава. Ова е куќа. Голема куќа, што бара многу одржавање, ама ти можеш да си го дозволиш тоа. Си ја добил во наследство, има многу убав двор, фалат некои поправки, по некој мајстор да дојде да закрпи нешто, али генерално функционира.

Све ви смета

Стварно, да не може да ви удоволи човек. Мислам, сфаќам јас дека ова е горчливо време, со гејзери од фрустрации, препознаени и непрепознаени, сфаќам и дека сме Македонци, ама дај, да олабавиме малце.

Бебешки приказни

Бебиња се супер. Слатки, нерасипани човечки суштества, што прават смешни фаци и звуци и те тераат со саати да ги гледаш како спијат, ако ти се дома. Возбудлива е и помислата некад да имаш човече како тебе, од тебе. Ама, не мораме баш сите.

Зошто не извадив лична карта?

Една од поодвратните обврски што морав да ги завршам неделава е вадење лична карта. Нормално, негде подалеку, вадењето лична карта веројатно спаѓа меѓу стварите што се „не баш омилени" и „прилично досадни", али не, кај нас е од-врат-но.

Летна

Да зачистам по бавча.

Ствари што ги научив пишувајќи ја мојата прва книга

...Сега пак сакам да кажам прекрасна, пред да продолжам што стварите што ги научив. Значи, многу е прекрасна. Заљубена сум во ова. Нај-rewarding ствар у свет. Онака, го разбирам вистинското значење на зборот rewarding сега, ако не можам да го преведам. Сакам да се омажам за писателството. Да му родам деца.

Кај сте бе, директори!

НО НЕ, ова е Скопје, а во Скопје, ако не знаевте, сите се директори. Си-те. Ги знаеме и кои се. Како ги знаеме? Па ни кажале.

Зомби апокалипса

Да можам некако да ѕирнам во неколку паралелни универзуми, и да видам кој политичар ќе не доведе во ситуација да не ги знаеме по име и презиме сите министри и заменици-министри како да сме ги родиле, има да се убијам од гласање за него. Одамна се помирив дека живееме во земја каде што политичката определеност се дели на Партија Еден и Партија Два, наместо на лево или десно, ама ова суптилно и систематско уништување на духот на еден град (и држава) е многу зезнато и многу тешко за издржување, кога душата ти бара финоќа.

Don't you makeup-shame me!

Добро, дали е можно, во денешно време, кога е модерно да бидеме широкогради и да прифаќаме сечиј избор, сечиј начин на живот, кога сме политички коректни, кога се лутиме и пишуваме километарски статуси на Фејсбук дека треба да се има разбирање за све и кога ги плукаме сите што немаат разбирање – да постои makeup shaming?

Омилени ствари за декември

Затоа што пратам блогери и влогери, некои од нив фешн, некои од нив guilty pleasure, знам дека секој месец си наведуваат фаворити од производите што ги користеле. Во моево излагање нема да се задржам на производи, затоа што у вакво време кога нонстоп некој има да каже нешто гадно, човек е има константна потреба да си направи makeover на душата, и пукнете, ама јас активно се борам против црнила.

Париз.

Го гледам насловов и тешко ми мрдаат прстиве по тастатура. Можеби беше пригодно да се вратам и одма да го покријам настанот кога веќе бев таму, можеби тие што ме познаваат очекувале да бидам најгласна во оваа грда ситуација, ама јас си ќутам од саботата наваму.

Изненаѓени и увреѓени

Демократијата е заебана работа. Освен тоа што на врат го трпиш тоа што му е арно на мнозинството, секојдневно се соочуваш и со мислења и паламудења што до пред неколку години немало шанси да ги сретнеш, затоа што немаше секоја шуша интернет. И платформа. И support group.

Ве молиме останете на Вашите седишта

Седам на аеродром и чекам да се качам на мојот евтин лет каде што можеш да си доплатиш ако сакаш да влезеш пред другите. Гледам и дека само еден возрасен брачен пар се фатил за таа услуга што може да ти се потрефи и бесплатно ако познаваш некој што работи на аеродром, because, Македонија.

Ако одите во Париз

"You don't have to be French to be a Parisian."
—Karl Lagerfeld

Како од двајца што делат ствари, стануваме едно што прави глупости?

Ако нешто не се спомнува не значи дека е заборавено.
Секоја година, илјадници млади (и постари) луѓе се впуштаат во непримерни активности на социјалните мрежи.
Секоја година, пред наши очи, илјадници нови млади гледаат дека тоа е опција и кобно го следат примерот на нивните постари и поискусни сограѓани.
Да ставиме крај на заедничките профили!

Една Е Мајка

Денес е Св. Архангел Михаил, голем празник и роденден и именден на мајка ми. Ако има некој што не знае, Архангел Михаил уште народски се вика и Душовадник, така што, според ова што ќе го видите, мајка ми не можеше да избере поадекватен ден за да се роди.

Како да го откачите Бред Пит

Македонска пејачка добила неодолива брачна понуда од Бред Пит. Пораката од Бред Пит е толку прекрасно глупа, што јас сум испровоцирана да напишам сега нешто за тие купишта Бред Питови, Џош Хартнети, и Чак Басови што, покрај тоа што умешно, џентлменски ги частат девојките со своите коментари на Фејсбук, знаат понекогаш и скромно да признаат дека, ете, сепак се они вистинските, но да не се кажува на никој, затоа што кој ќе се бави после со медиумската хајка?!

Се викам Вуди Ален и Дракула

Иначе, ако некој се секира, решив малку да си го вратам достоинството, да ги ставам на пауза сите тие апликации за визи и да проверам каде сè не бараат сметки од супермаркет за да ти дозволат да ги посетиш. И ќе одам во Минхен. Во Минхен има музеј на BMW, KFC и што е најважно, едно внуче.

Ви личам ли на терорист?

Јуху, лонг тајм ноу си.
Ќе вадам виза за Лондон. Виза вадам година дена од немукает, иначе. Веќе ми е срам, се утепав од зборење и луѓе ме прашуваат „а бе, нели ќе идевте..." Како скопска лажовчина звучам. И карти имам купено. Со право на промена, заради немукаетот.

Како до совршени гради и совршен задник? Не така.

Следам еден куп женски (и неженски) списанија и портали на Фејсбук и слично, и гледам дека имаат неверојатен мерак да ги советуваат своите читателки како да дојдат до совршените пропорции.

„Драга особо што остави негативен коментар за нешто на интернет"

Се мислев нешто да пишам, ама во меѓувреме налетав на едно толку прекрасно срочено обраќање кон обичното интернет граѓанство, што просто ми падна криво што не сум го напишала јас. Многу е добро, и јас сега ќе ви приуштам еден слободен превод: