Бавчи › Јана / Штикли на калдрма

За македонските литературни божества, или што смееме да читаме

Океј, морам да подосаѓам малце на една тема. Добро, цела Македонија пишува поезија? Или тие што не пишуваат поезија, пишуваат загадочни некои собитија, напумпани со филозофија? Или пишуваат за некој друг што пишува? Или ако е фикција, онда нека е Александар Македонски?

Луѓе што допираат други луѓе во гужва

Скопскиот ноќен живот е богат. Со све. Значи не само кафани, живи свирки и претстави. Со НАРОД е богат. Овој пат ќе збориме за една посебна група на луѓе, со еден маркантен пристап и метод за ширење познанства.

Па да те мажиме годинава

Од спремните фрази „сè што ќе посакаш да ти се исполни" и „па да те мажиме годинава", ќе ги замолам сите драги и помалку драги луѓе да се задржат на првата. Пошто, ако ми е желба да се омажам, нели, ќе го покриеме тоа и со првата честитка. Зашо толку сакаат да се мажиме?

Новогодишни желби

Него, дојде 2014. Во огледало реков дека сакам повеќе да пишувам оваа година, а надвор од него, на сите, до еден - ви посакувам редовен сексуален живот. Веројатно ќе се прашате зошто.

Ѕвони ми од фиксен

Таков ултра-лажен профил ме адна сабајле, без грам труд да делува реален, што морав и блок да му мавнам за казна. Обично ги игнорирам, ама овој така со 6 рандом френдови, со едно општо име и презиме, па уште и со силуета некоја, наместо фотографија.

ВИП

Сте приметиле дека, покрај обавезно семејство, роднини и пријатели, мора да имаме неизбежни ликови во секојдневието што се како по калап правени и личат едни на други? Ако си роден под ова небо, не може да не си ги сретнал и не може да не си имал никаква интеракција со нив. Не мора да постојат во твојот живот, не се по рецепта, ама ги има. Некои се од помош, а некои се само тука да створат баланс, ако ти е премногу добро. И од некои се фаќаш за глава, ама сфаќаш дека сепак се јаки

Мува

За сите нас што ѕверски сме биле мачени толку рано сабајле. За сите непроспиени саати и лета кога си принуден да се покриеш кога најмалку ти треба.

...или зошто станав во 7 и научив да правам шпагети со вргањ.

Како тоа жените имале рок на траење?

Малку каснам со реакцијава затоа што статијата што ме запрепасти е очигледно објавена пред многу време. Некој на тајмлајн ја освежил, па ми се виде премногу маркантна за да ја изигнорирам. А и што да не се порадуваме на веќе поминати ствари, особено кога се вака врвни.

Абортус

-Докторе, добар ден.
-Добар ден, што треба?
-Ако може ПАП, ехо и еден абортус, ако имате.

Стрип-колумна

Мислам дека таков замав земаа порталите, колумнистите, медиумите, изборите и све што деновиве не тера да превртуваме очи. што мене не ми остана ништо за пишување.

Феминизам 2013

Не сфаќам, од каде потребата така изразено еманципирана, упорно да звоцаш дека си стварно, ама ептен еманципирана? Па нели гледаме, седиш на кафе, го плаќаш од свој џеб, од сопствена плата, од истата си плаќаш гардероба, кондури, бензин, маж ти ти готви, а ти пушиш скупи цигари што сама си ги платила и меѓу два дима викаш „Јас сум еманципирана и самостална".

Инспиративни цитати

Ќе почнам со еден испиративен цитат:
„Колку ми е убаво кога чекам на шалтер во Завод за вработување".
- Никој, никад.

MENSW(E)AR

И тоа не за мене, за мене освен чизми у разни бои има од прилика све. Ама ако имаш мажи околу тебе што немаат газе колку 15 годишна девојчица и струкче како Дита фон Тиз, како да ги облечеш?

Скопски приказни

Добро мамо, и јас сум шетала ко Луда Мара од кафич у кафич, ама ова вашево е веќе олимписка дисциплина – Како да излезеш во 7, да поминеш 10 кафичи, да се видиш со луѓе и да се вратиш дома во 10, затоа што ќе ти се дере татко ти дека во понеделник не се излегува.

Зимски љубовни приказни, или зошто ми идете на нерви

Како, во ова време на сарказам, во овој град што го владее една иронија и пушачи пред кафана, успеваат да опстанат непоправливо романтични души? Како им успева? Како не ги заболуе глава?

А реков дека нема да пишувам за серии...

Значи просто им љубоморам на фановите на турски серии. Којзнае колку е прејако чувството, опседнат си со 2-3 серии, и ги гледаш од сабајле до вечер, сосе репризи, а во меѓувреме има реклами за претходните и наредните епизоди, значи едно општо бањање во твоите слатки телевизиски задоволства. А ти слободно време колку сакаш.

Зошто жените каснат?

Моите причини за каснење се бескрајно глупи. Да, некои жени сметаат дека треба сите да ги чекаат, сметаат дека имаат беспрекорно добри аргументи за тоа, али реалноста е дека, нашето каснење најчесто зависи од нас, и најчесто причините се за facepalm, ако ги занемариме исклучоците како снемување струја, досаден комшија на врата, сообраќај, поплава, земјотрес, несвестица или смрт.

На комшијата паркингот

Не знам што мајка раѓа човек кој во текот на животот станува неподнослив комшија, али секако и за мајките и за таквите чеда фали еден посебен круг во пеколот.

Занес без основа

Ова наше поднебје секојдневно е збогатено со такви фарси и комични ликови, што не е ни чудно што сме прераснале во сеирџии како народ. И додека сите спремаат пуканки за класични теми од типот „туѓа несреќа" или бич фајт, или расправање на социјални мрежи, јас својот сеир го носам на едно поинакво ниво, односно, широкиот дијапазон на...

Пердуви, трепки и вреќи

Не знам кој ја зачна таа блесава идеја дека паметната и ангажирана жена не треба да троши време на шминкање, на усогласување на гардеробата, на разголување во пристојни количини и на кондури.

Не се вика „све“ туку „се“!!!

Таков коментар добив на меил, и такво расположение владее по социјалните мрежи, дека во ова време на суштински важно унапредување на националната свест, било срамота и греота да си го сквернавиме јазикот.

Последен воз

Заедно сте повеќе од една година, а тој се уште ве нема побарано за жена? Се забавувате повеќе од 6 месеци, а тој не сака да зборува за иднината? Се прашувате како да го скроите за брак?

Скопје, денес

Нешто во последно време почесто гледам статии за Скопје. Луѓето почнаа да се обидуваат да го разберат, да пишуваат зошто го сакаат, зошто не го сакаат, како ги расположува, како ги нервира.