Последен воз

Заедно сте повеќе од една година, а тој се уште ве нема побарано за жена? Се забавувате повеќе од 6 месеци, а тој не сака да зборува за иднината? Се прашувате како да го скроите за брак?

Заедно сте повеќе од една година, а тој се уште ве нема побарано за жена? Се забавувате повеќе од 6 месеци, а тој не сака да зборува за иднината? Се прашувате како да го скроите за брак?

После вакви Топ-Шоп наслови по женски списанија, очекувам да продолжи текстот со претставување на револуционерен производ што за најкратко време у свет ќе го претвори вашиот маж во бракољубен домаќин што тврди дека сака да направи фудбалски тим од деца. Тоа е изјава на која многу жени вљубено трепкаат. Како да забораваат дека истиот тим треба да излезе од нивната дунда.

Како бе така? Когa успеа бракот да стане „по секоја цена", „ради реда" и врв на приватен план?

Мислам, пред некој ова да го види како совршена прилика да ми писка на меил, би сакала да ја изразам мојата почит и мислење за бракот како света институција и еден од врвовите на љубов и пријателство.

Сепак, малце како да се подзабораивме. Кратко ни траеше периодот на освестување и пораснаа генерациите што ги сконтаа вистинските вредности. Некој или нешто ко да не шутна малку назад во свест што почнува со реченицата „А бе, да се има почит е доволно". Или, „До 29 морам да се омажам".

Пред неколку години (сега имам 26, замислете колку рано се правел овој муабет), заглавив во една дискусија со работен наслов „Последен воз", и тоа јас сама на една страна и неколку души на друга. Се почна со едно наивно „а до кога сакаш да се омажиш" и јас реков дека не знам. Може утре, може на 30, може на 40.

Во следните два саати запрепастено се обидував да се одбранам од следните прашања и аргументи:

- Како 30 или 40? Знаеш ли ти тоа колку е многу!?

- На 27 години ако се омажиш, го фаќаш последниот воз. Толку.

- Ако раскинам со овој дечко сега, кога ќе имам време да си фатам нов, за да идам со него неколку години и да видам дали сакам да ми биде маж? Немам време до 27.

- Како мислиш „може нема да се омажиш"? Мислиш дека на мајка ти ќе и биде лесно да те гледа така немажена?

- Брат ти утре коа ќе се ожени и ќе донесе снаа дома (?!), ти со нив ќе седиш? Ќе им седиш дома?
(?!?!?!)

- Сите кога ќе бидат мажени и ќе имаат деца, а ти ќе бидеш сама, нема да ти биде криво?

- Како „Може ќе го запознаам вистинскиот на 36"? Си чула за биолошки часовник? Како ќе правиш деца на 36? Леле, а тек па после 36???

Скраја било нели, да уживаме во животот и љубовта и сами да си ствараме правила, м?

И ете ме мене, драги мои, влезена во 27-мата. Го гледам последниот воз како поминува. Некако знам дека ако не го фатам возот, во секое време можам со авион.

Плус имам еден брод. Планирам да си пловам со него, и некако гајле ми е дали бродот има документи.

Ваљда се разбираме.

Јана

 

Да си попраиме муабет за свадби:
nultapozitiv@yahoo.com

Да си потвитаме за свадби:
нуладеветеден

1 август 2012 - 01:46