Штикли пред зграда

На комшијата паркингот

Не знам што мајка раѓа човек кој во текот на животот станува неподнослив комшија, али секако и за мајките и за таквите чеда фали еден посебен круг во пеколот.

Во зграда има по едно паркинг место за секој станар. И секое се знае чиво е. И еден од нив, ужива, ама највише на цел свет ужива да се паркира на моето.

Дури мислам дека можам со две раце да потпишам дека беше он пред некоја вечер тој што бушеше ревносно со бор-машина нешто пред ПОЛНОЌ. Ама така, не да речеш, нешто од животно значење се откачило баш на полноќ, па ете мора (?!) да бушнеме малце за да го опраиме, не, тоа траеше, човеков може и кујна да местеше, затоа што ете, така му текна. Среќа јас не легнувам рано.

Наредниот ден наоѓам кола на мојот паркинг. Ајде, да речеме дека се случува.
Еднаш си го начекав местото, имав среќа, а после тоа пак, истата гломазна кола на моето место.

Троп.
-Комшија, џипот дали е ваш?
-Мој е.
-Може ли да го паркираш на твоето место, затоа што јас немам каде да се паркирам?
-А бе знаеш, дека ти не си секогаш тука, па ние мислевме...

Стоп. Апел до сите вас глупи комшии араунд д ворлд.
Еве ви неколку правила:

1. Нема човек што ќе ви попушти за нешто што е негово.
2. Ако додека ја правиш бељата, постои грам осет дека правиш беља, тоа е знак дека не треба да ја правиш.
3. Не е нормално да се бургија на полноќ, Бог те избургијао. Јас немам бебе, ама гледам филм.
4. Ако има 9 паркинг места, а ти имаш 9 коли, тоа не значи дека другите комшии треба да се снаоѓаат.

Што не носи до следното собитие. До моето паркинг место има само уште едно, другите се позади зграда. Нареден ден наоѓам друга кола (веројатно на жена му на комшијата, има да ги научам, па љубавни писма да им оставам секој ден), не на моето место, него ПРЕКУ ДВЕТЕ СЛОБОДНИ МЕСТА, да не може ни Смарт да се паркира веќе таму. Мислам, не знам како не сфаќам дека тоа си е негово, и точка? Како тоа, он се паркирал непречено пред да дојдам јас и сега јас да му узурпирам?

Последно што најдов е дека нешто си нашкртал. Може си означил за ставање рампа. На моето место. Ако е така, едвај чекам да ја стави, па јас да му се размафтам со имотниот лист, не се наоѓа секој ден комшија што доброволно ќе ти намести рампа за да не можат да ти го крадат паркингот.

Пајак или џандари?
nultapozitiv@yahoo.com

твитер

2 ноември 2012 - 12:42