Ај ма напиши нешто!

Стрип-колумна

Мислам дека таков замав земаа порталите, колумнистите, медиумите, изборите и све што деновиве не тера да превртуваме очи. што мене не ми остана ништо за пишување.

Значи, све е напишано. Негде одлично, негде идиотско, ама све ми се чини, кај ја немам инспирација, уште и се цеди секоја тема. Затоа сега ние малку ќе се бавиме со глупости.

Еве сум јас:

Тоа сивото што го држам во рака ги содржи сите мои обврски за овој месец, што се стигнати до двоцифрена бројка, а јас од нив имам завршено 4ипол, накај 5. Можда и претерав.

Проблемот е што језиво ме мрзи, а колку и да сакам, немам батлер или шофер што би можел да ги обави.

И тоа вака на пример изгледа:

од каде што мислам дека е очигледно која обврска прва ќе ја завршам.

...

...

...

А да, меѓу другото, со црвено подвлечено:

Природно, од причините што ги наведов погоре, и во недосаток на паметни работи, И ПЛУС како да немам попаметна работа, редно е да црткам.

Можда по лајт варијанта од тоа да се давиме за избори, евросонгови, градоначалници и слично. Дури и да ве ослободам од моите повремени љутења на рандом теми. Освен едно, само ова, и после ќе се пребациме на други глупи цртежи.

Алармантно е што на ул. Македонија е затекнат кафич што пушта турбо-фолк. Да, едно време беше модерно, дури и бевме на праг да се помириме со тоа, ама на ул. Македонија? Додека си живуркав една вечер, така неизлезена, во слично вакво расположение, ми се јави една другарка, потресена дека го начекала овој гаден момент.

Значи ако ви е мерак, има таму приградски клубови и дискотеки, кај се бутате, таму слушајте до мила волја. А ул. Македонија да ја оставиме да здивне малку. Мислам, озбилно, you shall not pass.

Назад на глупости. Глупости, затоа што не секогаш треба да бидеме на штрек да кажеме нешто паметно. И не секогаш треба да се изнатрескаме за сите фрустрации пошо ретко е некој должен да не трпи. 

(ова е стереотипен (и доживеан) приказ, иако мора да признаам дека у последно време биле фини со мене)

 

***

Цело Скопје кречи и чисти после кречење, само јас ескивирам, шетам по парк и играм мачки. Ете до таму ми е стигната мрзата.

Крајно безобразно од моја страна.

 Едно време ваквото понашање се должеше на ПМС, кога бев во состојба да го изедам лаптопот, сосе кабли, испржен на маслиново масло и послужен со павлака-мајонез сос од Мекдоналдс. И бидејќи не смееше да се јаде лаптоп, родители, брат, куќа, двор и слично, бев, можете да замислите, во многу незавидна положба.

И некако се презаситив од интернет. Сите тие портали, сите тие глупи вести, сите тие мислења, турање на мегдан на сите нервози и лични проблеми за сите да ги видат. Ме примрзе и интернетот.

Еден куп луѓе секој со свое мислење, секој попаметен од претходниот, позгоден, побогат, со попримамливи полови органи. 

Мда. Е па, ме примрзе искрено. Добив желба за пештера. Али како и обично, кај мене желбата за пештера кратко трае, па мислам дека вечер со чипсот ќе поуживам во сите тие бради на GoT, и од утре ќе ја почнам неделата.

До побистар следен пат,

Јана

nultapozitiv@yahoo.com

22 април 2013 - 18:28