Зима. Време на еден куп љубовни статуси, снежно-нежни твитови и слатки романтични изјави. Тажното е што светот е премногу саркастичен за да опстанат. Смешното е што они се упорни!
Како, во ова време на сарказам, во овој град што го владее една иронија и пушачи пред кафана, успеваат да опстанат непоправливо романтични души? Како им успева? Како не ги заболуе глава?
Јас секако ви верувам дека сте вљубени, и јас сум, ама кога какате срценца и повраќате цвеќенца пред очите на целата јавност, не можам да не ви речам „Дај не заебавај".
Еве на пример, сите мора да знаат дека они уживаат еден во друг. Нонстоп се заедно. Све заедно прават. Заедно гледаме филмови, заедно јадеме, заедно се бањаме. Многу сме така, црева.
Како да и објаснам дека ЗНАМ дека у еден момент не можеш веќе да го гледаш од што ти е преку глава дојдено да знаеш на која страна ја џвака храната. Уште пострашно, како да доловам дека НЕГО му е преку глава да те слуша како цвркуташ или имаш мислење за све. Во еден момент ти доаѓа да се затвориш у друга соба, со книга и со кафе и да му речеш „Ти сам. Ја сама. Не постојам у наредните 4 саати. Еве ти списоче што спаѓа во итни случаи и кога смееш да ме бараш". Дали би дошло до смак света? За црева веројатно да.
Или, пример, романтични души кога гледаат филм, тоа звучи многу бајковито. Долги зимски ноќи, заедно под ќебе, Онегин на двд, соба полна љубов. А сите многу добро знаеме дека изгледа од прилика вака:
-Не мрдај.
-Не мрдам, ти мрдаш.
-Врати, не видов од што уста не затвори.
-Жешко ми е (трга ќебе)
...
...
... Ладно ми е. Цело ќебе е кај тебе.
-Нели жешко ти беше?! ...Згодна е оваа главнава.
-Не е згодна, гадна е.
-Добро.
(тишина)
После некое време ти го дискутираш филмот, он не одговара, се вртиш и сфаќаш дека заспал. Е па, жено, кога му го пушташ Онегин!!!
После си му љута.
Додека не ти напише песна.
А инспирација може да најде во све. Романтичните души наоѓаат поезија во тешки глупоштини. Храбро се борат против реалноста со изнаоѓање суптилна убавина во фискална сметка од Веро. Дури и точно знам и на што може да ги потсети една сметка од Веро. На пример, пишува стапчиња за уши, шампон, освежувач за кола и конзервиран грашок. Тоа пустото не може да биде потупо, али нејзе тоа ја потсеќа дека заедно ќе го пунат фрижидерот и ќе готват вљубено, заедно ќе се возат у кола и ќе го цитираат Неруда и заедно... Ќе чистат уши ваљда, кој да ги знае, романтични се.
Еднаш се најдов у побројно друштво каде што присуствуваше и еден пар од оние што си пишуваат „мацуфка, многу ми те сакуфкам" на Фејсбук, јавно. Значи тоа не е ни за приватно, а камоли за јавно, но добро. И сега кој пар, кој распар, излезени на пијачка, се шалиме, си муабетиме – они се гледаат во очи. Мене убиствени нагони од што сведочам на таква суштинска глупост. Па ај да се префрламе на друго место. Сите напред, они позади, бавни, гушнати, ко глупи месечари. Па пичка ли му материна. Што искачате ако сте си доволни еден на друг? Знам дека се сакате, ама не можеш да ме убедиш дека вашата љубов е толку голема и неповторлива што не те нервира кога нема да затвори врата од спална, па се лади собата. Не постои љубов што го поништува фактот дека пљука по улица или пуши на вентилација у купатило. Или дека по секоја цена ќе ти биде прекрасен кога ќе дојде дома ќуп од кафана и ти виси - „многу де загам".
Од алкохол, до кафе со луѓе што си ги тероризираат друштвата носејќи го својот socially awkward партнер на кафе. И кога треба и кога не треба, без разлика дали е вклопен во друштво или не, он/а седи. Другарчињата баш и не можат да ти се отворат, затоа што он/а гувее како морж и чувај боже да си рече: „А бе, да не имав и ја некое сопствено друштво?"
Значи, ќеиф ми е кога си ја носам љубовта на кафе со моето друштво. Ќеиф ми е дека се разбираат и дека си го имаат муабетот. Ама има бре, моменти кога сакам да седам и цел ден да зборам за лакови за нокти. Жал ми е, тоа е. Или некој сака да ми се довери само на мене. Или едноставно, во отсуство на папочна врвка со партнерот, да прошетам сама. Не значи дека се сакаме помалку. Само значи дека ќе се сакаме повеќе.
Порака до сите вас:
Тоа што сите знаат колку многу, најмногу се сакуфкате, не значи дека повеќе се сакате.
Значи дека сте досадни и неприкладни.
П.с. Гледање Иселенички џубокс насабајле со кафенце е поромантично од гледање срцепарателен филм со заспан дечко.
Ве сакам по малку.
Јана