Вака сега, драги мои.
21-виот век, со себе м'кне многу работи од претходните векови.
Некои се уште важат и ќе важат засекогаш.
Некои се ужасно непотребни и никој не знае шо мајка бараат во денешницата.
Некои се потребни, ама никако да разграничиме кај им е местото и времето. И ситуацијата. И поднебјето. И човекот што се раководи според нив.
Убава работа, феминизмот. Убава работа еманципацијата, панталоните, слободата, моќта, еднаквоста. Све тоа во ред. На еден куп жени во светот се уште им треба помош, па убава работа се и сите организации и друштва за заштита. Се слагам и јас дека секој што малтретира жена од свои лични фрустрации треба да добие метак у чело. Пардон, секој што малтретира секој поради свои лични фрустрации треба да се преваспита.
Само не сфаќам, од каде потребата така изразено еманципирана, упорно да звоцаш дека си стварно, ама ептен еманципирана? Па нели гледаме, седиш на кафе, го плаќаш од свој џеб, од сопствена плата, од истата си плаќаш гардероба, кондури, бензин, маж ти ти готви, а ти пушиш скупи цигари што сама си ги платила и меѓу два дима викаш „Јас сум еманципирана и самостална".
Captain Fucking Obvious.
Прво, лесно е да бидеш еманципирана и самостална жена во земја каде што жените така биваат од раѓање. Одиш во основно, па во средно, па си бираш факултет, па се тепаш за работа или можда ти доаѓа на тацна и никој не ти вика „женско си, не може". Онда зошто да истакнуваме дека сме толку јаки и опасни? Дека ако не им се качуваме на луѓето на глава со тоа, ќе престане да биде така? Дека моментот кога ќе заборавиме колку сме girl power, ќе налета некој копач, ќе ни врзе бокс и ќе не стаи у кујна? Или можеби додека сме неспособни и мочаме во купатило, ќе излета бубашваба и ние, со сликата на Клара Цеткин во глава - моќно ќе ја згазнеме?
Ај ма, доста. Нели еднаквост? Нели е глупо да замараш дека нешто јако си постигнала, додека некаде некој грозен тип далеку од тебе, смислил „женско обрежување"? Да ги цениш и фалиш своите достигнувања само затоа што се достигнувања во твојот живот е супер. Ама да се фалиш дека имаш богзнае колку постигнато И ПОКРАЈ ТОА ШТО СИ ЖЕНА, во еден европски град, е ужасно глупо. Добро, имаме полиња каде што е тоа чудно. За политика е несекојдневно, за неврохирургија, за возење такси. Ама сега па, директорка си на фирма? Работиш? Сама плаќаш стан? Е, добро де. Убаво. Не и фасцинантно. Затоа што драги мои, ако е ТОА фасцинантно, онда нешто е труло во државава македонска.
Па ќе фатат да се вреѓаат. Па да се караат дека се дискриминирани. Од сопствениот лаптоп, со платениот интернет од свој џеб.
Прво, in the kitchen е многу јака фора, и срам да ви е што се вреѓате. Да, језиво е што за некои семејства тоа е реалност, ама тебе, кога веќе си сурфаш и слободно си коментираш, па и навлагаш во љута дискусија со еден куп мажи што едвај чекаат да те шинат од заебавање, баш и не ти е реалност. Права жена не се вреѓа на „напрај ми сендвич". Права жена иде и прави, зашто ја бива бе! Плус, дечкото она сама си го избрала, не и го договорил татко и, ако се разбираме. И на крај, права жена може да каже „напраи си сам", затоа што, така еманципирана, ваљда избрала маж што нема да се фати одма за стап.
Апсолутно ми е јасно дека ќе бидам погрешно сфатена.
Кој разбра – разбра.