Ако одите во Париз

"You don't have to be French to be a Parisian."
—Karl Lagerfeld

Седам, пијам кафе и сонувам дека еден ден ќе постои авиокомпанија што нема да дозволува деца помали од 5 години на лет. Париз пак го проверив, и све си е на место и како што го оставив, сосе кула и улици и уметници и сељаци и секс-шопови и све. На кулата имаше и тениско топче, кај светка, па уште топче фали, ама добро. Едно време ми дојде глупо, кога ми текна дека освен ако не побараш дозвола од градските власти, со легитимна причина да поставиш барикади околу сите точки на пулсирање на градот, нема да можеш раат да си поседиш сам, затоа што не можам да избројам со колку многу луѓе се разминав и од колку многу страни на светот доаѓаа.
Него, веројатно и со некои од вас ќе се разминувам таму во иднина, па ако сте жени, па и мажи, што да не, ред е да ви раскажам неколку работи што може да ви се најдат како корисна информација ако шетате таму сами.

1. Има да ПЕШАЧИТЕ. Ќе мислите дека се ви е јасно и дека точно знаете на каде се наоѓате и пак ќе пешачите.

2. Метрото во Париз е едно од најсовршените метроа во светот. Не сум се качила во автобус и нема, затоа што со метро ќе стигнете секаде. Понекогаш и ќе поодите пак, ама сепак, when in Paris – метро.

3. Исто така, во метро ќе најдете еден куп инспирација од ликови. Некои ќе личат на сериски убијци, некои ќе ви викаат дека сте убави и ќе заслужат да ги запишете во некоја приказна.

4. Околу 3-4 души на Пигал ќе се понудат да ви бидат дечко. Дневно.

5. Уствари, накај 5-6, ако шетате сами.

6. Има фантастични продавници за плочи во автентични париски улици. Само побарајте на гугл мапс.

7. Ако седнете на кафе и го оставите телефонот на маса, веројатно ќе ви го земе некој што ќе ви протрча и ќе заработи од тоа што не внимавате.

8. Ако изгубите Ајфон, можете да си купите ист на Пигал после 7 навечер. Без кутија и такви работи.

9. Ако си купите Ајфон на Пигал после 7 навечер, нешто покасно, кога веќе ќе го изгубите продавачот, ќе сфатите дека е пластична копија и никој нема да ви биде крив.

10. Другиот производ што се продава после 7 е Chanel No. 5. Подеднакво лажен.

11. Апсолутно најевтино место за јадење е Мекдоналдс.

12. Даски со сирење и вино се најдоброто нешто што ви се случило.

 

A photo posted by j091 (@j091) onJun 5, 2015 at 6:59am PDT

13. Дури и евтиното вино е добро.

14. Понекогаш, палачинки за носење се многу боље решение од вечера во ресторан.

 

#crepes #madeleine ❤️

A photo posted by j091 (@j091) onJun 3, 2015 at 7:46am PDT

15. Келнерите се дрски и тоа е во ред. Нема сигурно да ги смениме сега.

16. Можете да се дотерате за 2000, 200 и 20 евра. Отварајте очи.

17. Најдобрите сувенири се на Монмартр.

18. Нека не ве лажат модните списанија дека Париз мора да се шета само со штикли. Така Е најубаво, ама проверете под 1.

19. Наспроти предрасудите, парижаните се многу фини ако не знаете каде се наоѓате. Одлични се, уствари. Иако е корисно да се научи по некоја фраза на француски.

20. Уствари учете француски, преубав е.

21. Прифатете дека никогаш нема да бидете сами пред Ајфелова кула, Нотрдам, или Шанзелизе. Или на било кое друго место каде што „МОРА да одите кога сте во Париз".

22. Сите фотографии ќе ви бидат закон.

Следно ќе пооговараме што нè чека кога се наоѓаме на евтин лет.

Јана

20 јуни 2015 - 20:52