Скопје, кафичи и пушење

Него кафана не му е место каде што се збираат неговите родители, роднини, пријатели да разменат фини, културни и забавни муабети, со кафе, пијачка и цигара. Не му е место каде што ќе земе воздух од напорен ден, не му е место каде што ќе се види со луѓе што го исполнуваат.

Кафичите и кафаните се витални органи на Скопје. Не се единствените витални органи, ама се меѓу поважните. Затоа што Скопје отсекогаш се вадело на ноќниот живот, дури и во најтапа периоди, што некогаш траеле и со години, како сега.

Ме нервираше забраната за пушење во затворени простории, ама се навикнав. Би сакала да ја укинат, ама не би се борела крвнички за тоа. Во секој случај би ја потпишала секоја петиција за да се врати макар ситуацијата на поделени кафичи на пушачки и непушачки дел. Да, не е идеално. Ама искрено, не сум богзнае колку заинтересирана за мислењето на непушачите, како што они не се заинтересирани за моето. Сè што можам е да ги испочитувам и да не палам цигара под ист кров со нив.

Е сега, Скопје дише преку кафичи и кафани мноооогу пред да дојде некој што пораснал во средина каде што не постојат, или имаат скроз друга симболика. Овој профил не го носеле како дете во кафана. Него кафана не му е место каде што се збираат неговите родители, роднини, пријатели да разменат фини, културни и забавни муабети, со кафе, пијачка и цигара. Не му е место каде што ќе земе воздух од напорен ден, не му е место каде што ќе се види со луѓе што го исполнуваат.

Кафич му е нешто што служи за пауза од работа, за терање мода и демонстрирање имотна состојба на повеќе нивоа. За него, во кафана се собираат уморни, стари истрошени луѓе што немаат попаметна работа во животот. Не разбира тој профил на човек дека скопската кафана е нешто што он го видел на филм, ама во друга форма. Кабаре клуб во Париз, џез бар во Њујорк и паб во Лондон. Не разбира, затоа што не видел и не осетил.

И затоа сака феноменот кафана да запре. Да го нема, пошо не го разбира. И веројатно затоа, по ново, овој профил на луѓе забранува и пушење на тераси, затоа што само уште така можеше да се дочува парче од скопската кафана.

А дали Скопје ќе издржи? Веројатно ни требаат алтернативи, затоа што без разлика што сме тип на луѓе што знаат и дома да се собираат, кафич си е кафич.

И не, о вие рурални говеда, не се собираме само за слави и за пригодни прослави. Ние се дружиме. Би ве презрела на улица, али самиот факт што никогаш нема да го познавате скопскиот начин на живот и секогаш ќе ви бега зад наредниот ќош, е доволна казна.

Јана

Tвитер
Инстаграм

30 јануари 2017 - 15:35