Кај сте бе, директори!

НО НЕ, ова е Скопје, а во Скопје, ако не знаевте, сите се директори. Си-те. Ги знаеме и кои се. Како ги знаеме? Па ни кажале.

Една слика има по интернетов споделена едно сто милиони пати, најверојатно од луѓе што водат замислени расправии со шефовите под туш.

Толку многу ја има, што ќе си речеш, на сите им е до сеа јасно што значи да се води компанија, од најминијатурна до најголема. Односно, за да функционираш, треба тимски да работиш со луѓето што ги плаќаш за да бидеш успешен.

НО НЕ, ова е Скопје, а во Скопје, ако не знаевте, сите се директори. Си-те. Ги знаеме и кои се.

Како ги знаеме?

Па ни кажале, исто едно сто милиони пати. И сме ги виделе исто така. Зошо, они све праат, само не седат у канцеларија да работат.

Новопечениот скопски директор е вечито на состанок. Состанокот се состои од седење во кафич со други новопечени директори (е не ќе се мешаат со службеници де!), на маса има скуп телефон, купен на рати, ама еве нешо "ме искључија у еден правец, ќе им ебам матер..." Можно е на истата маса да има и кључеви од половна кола, ама почесто нема пошто "сеа планирам да купам, чекам еден јак клиент", или "шо кола бе, ќе се возам у такси ко господин".

Таксито е црвено и двокатно.

Новопечениот скопски директор е директор од завчера, али тоа не ја намалува неговата јакоча. Можда му работат две-три, пет-шес души, често многу поспособни и поискусни од него, на кои што он ревносно го вежба својот сакат авторитет. Се провикнува повремено, нервозен дека "тоа требало за вчера", среќен што налетал на луѓе што стискаат заби и си викаат у себе "ај ќе преќутам".

Авторитет имал.

Дајте јажето.

Сон му е еден ден, ако може уште наредниот месец, да биде толку успешен, што нема да се појавува на работа и ќе го прави истото што го прави уште од првиот ден - ќе седи по кафичи, искључен може више и у два правци, ќе касни со плата затоа што "кога ќе има за мене, ќе има и за вас" и ќе го кажува зборот "бренд" по 256 пати во минута.

На скопските директори, именката БРЕНД и глаголот БИЛДИНГ им се омилени зборови во нивниот јазик. Они секогаш го градат својот бренд и го разбираат брендот на нивните клиенти и све е тоа бренд и они многу се бренд.

Они не се бренд.

Исто така, скопските директори се научија на еден излитен тренд (се римува со бренд) што светот почна да го презира, а тоа е визијата и мисијата на компанијата.

Следниот пат кога ќе ги чујам зборовите визија, мисија и бренд на тоа обично кафе што масовно се нарекува состанок, станувам, оставам кафето на пола, и си одам.

Иначе мојата визија за животот и работата е да не познавам вакви особи, а мисија ми е да не познавам вакви особи. Исто е, како што скопските директори ги сфаќаат дефинициите за овие два поими.

Ако не е негова фирмата, туку е „поставен“ за директор, можно е да се спасите од горенаведените термини. Нив ич не ги занима за што е фирмата, они битно имаат „луѓе под нив“.

Големите скопски директори многу сакаат да имаат вработени према кои што ќе се осеќаат супериорно. Затоа што они никоаш во животот немале прилика да се осеќаат супериорно и мислат дека со тоа што ќе се сељачат над луѓе што несреќно се нашле на нивниот платен список, конечно ќе можат да се погледнат во огледало и да си речат "може не давам редовно плата, ама јак сум, да си ебам векот!"

Едно пораче, до таквите.

Додека да дое ред вработените да ви врзат по еден васпитен шамар затоа што се гарант постари од вас, да си знаете: трачарени сте на многу маси. Не, не, не почињајте одма со добрите коњи и прашините. Луѓето ви се смеат. Вашите вработени без кои што не можете у гз да си брцнете, се под стрес. Секој ваш надмен директорски муабет е препричаван до бесвест пред луѓе што мочаат од смеење.

Само уште кај нас останаа млади шефови да се понашаат вака. У свет е више срамота. Никој не ви љубомори, директор се станува за еден ден. 

И советче, ако прифатите.

Смалете доживљај. Не се сфаќајте пресериозно, пошто никој друг не ве сфаќа така. 

Озбилно, no one cares. 

Јанa
ФБ
Твитер
Инстаграм 

27 февруари 2016 - 20:04