Све ви смета

Стварно, да не може да ви удоволи човек. Мислам, сфаќам јас дека ова е горчливо време, со гејзери од фрустрации, препознаени и непрепознаени, сфаќам и дека сме Македонци, ама дај, да олабавиме малце.

1. Ноќ на вештерките.

Мене ми е ова еден од омилените настани во годината. Не морам да се маскирам, доволно е да го обележам со гледање хорори. Ја почитувам верата кај секој човек индивидуално, и не ја почитувам религијата како општествена појава. Да, можно е.

Почитувам кога се слават празници од секоја религија, сепак. Дури и вашето супер-ултра-најправославно у свет-шиомигаџура палење огнови за Бадник. Што па толку ви засмета Халовин кога луѓето го гледаат како изговор за забављање еднаков на 1ви април? Не бил наш?

ПА ШТО АКО, БРЕ?

Одамна е подзаборавен празникот како Ноќ на сите свети, и прераснат е у поп култура. Забавно е. Ама не, има такви што стојат како витези што викаат „НИ!“ и викаат „НИ!“ на се што го одвлекува вниманието на јавноста од нашиот пуст идентитет.

Засекогаш ќе има луѓе што врска немаат со Халовин и ќе се маскираат.

Пукнете.

2. Fashion Weekend Skopje

Они нешто гледале слики, па гад им е, па глупо било и никакво било. Што се занесувале, кај живееле. Прво, какви и проблеми да има Fashion Weekend, колку и да е пазар на суета, бидете среќни што оваа задолжена вукојебина дава опција да имаме и ваков настан. Какво да биде? Како во Њујорк? Зашо, дека Њујорк е ултра профи, па му дава на факинг КАЊЕ да парадира со ГЛУПОСТИ?

Опрајте се. Тоа што не ве поканиле да седите во први редови и што немате слика од тој каков-таков ред карпет е само ваш проблем.

3. Деколтето на Лајла Грејс

Писателката на "Белешките на Лајла Грејс" на Фешн викенд со длабоко деколте, и одма проблем. На што личело. Скопје било ова, не било свет.

Од такви плиткоумни размислувања дека уште Скопје не е дораснато за гломазни модни евенти и деколте до папок почнуваат проблемите. Може е стварно пуно со сељаштина, али кај ни е крајот ако најслободумните и најавангардните гледаат на едно обично деколте со презир. Ова не е ствар на вкус. Ова е за гледање во огледало и срамење. Инквизитори едни глупи.

4. Модни и beauty блогови/блогерки

Се извинувам што пак е мода у прашање, не е врзано, тоа ми е најсвежо.

Значи, све доскочица до доскочица, твитови  и статуси што божем имплицираат колку е авторот боље од тоа да земе да работи моден блог и да се слика на Инстаграм во јаки парчиња облека. Демек, ја може сум лузер, ама бар не сум модна блогерка. Да, лузер си, ако ти смета нешто што некој го прави за себе, особено ако не можеш навечер да спиеш затоа што тој некој успеал и пари да извади и да има фина соработка со фини луѓе и брендови.

Имам чувство дека све што е фино, што е индивидуален проект, тесно врзан со (со опроштење) куробол што ќе рече светот, или што ги тера луѓето длабоко во себе да сфатат дека е „боље од моето, ама ваљда уште никој не приметил“, обавезно мора да налета на хејт. Као, сите насекирани дека, ако ова го читаат младите, ако ова е денес трендинг, тогаш кај ќе оди светот?

О, богови на културата и литературата, филмот и интернетот, хуморот и иновативноста, а што тогаш не нè просветлите со вашето дело, па да видиме во кој правец е во ред да се движи светот? Или да не се занесуваме, поднебјево не ни е достојно да се движи во истиот правец со светот?

Нејќе балканецот да дозволи успех на полиња што не се директно врзани со основна егзистенција и нејќе.

Али добро. Вие радувајте се дека некој комшија конечно се средил, односно, се вработил, се оженил и се породил, а јас ќе идам да гледам Jeffree Star. Затоа што типот успехот го мери во распродадени мејкап линии и се наградува себеси со Ролс Ројсови, романтични вечери со дечко му и играње со многуте померанци што ги има дома.

Затоа што, да заклучиме, постојат различни дефиниции за успех, среќа, кариера и начин на забава. Беспредметно хејтање не е начин на забава, иначе.

А за домашно,
Black Mirror, S03E6.

Јана

1 ноември 2016 - 14:18