Stupidity Shaming

Don't you makeup-shame me!

Добро, дали е можно, во денешно време, кога е модерно да бидеме широкогради и да прифаќаме сечиј избор, сечиј начин на живот, кога сме политички коректни, кога се лутиме и пишуваме километарски статуси на Фејсбук дека треба да се има разбирање за све и кога ги плукаме сите што немаат разбирање – да постои makeup shaming?

make up shaming - кога ги ругаш луѓето што носат шминка затоа што ти мислиш дека шминката е глупа.

Затоа што, мислам дека е веќе ред да се апсат луѓе за тоа. Гуски што решиле едноставно да не користат шминка и да уживаат само и единствено во своето неподносливо свезналаштво не се ништо поарни од тие кои уживаат да ги ругаат. Уствари, луѓето што сакаат шминка се вечито на тапет и гледаат да бидат политички коректни према ваквите неугледни мочли, али затоа, имаш ти шупаци од жени што не пропуштаат прилика да кажат дека се деградираш себеси ако уживаш да се разубавуваш.

Пази, жени што ругаат други жени за нивниот избор. Кај ви е феминизмот, бе?

Еднаш, засекогаш, а ако треба ќе повторувам до бескрај: разубавување и дотерување се прави за сопствено задоволство.

Истите тие глупи феминистки ако ги прашаш дали смеат мажите да се шминкаат (што апсолутно мислам дека смеат што сакаат да праат, и дека се преубави со шминка) ќе се истрчаат да кажат „ДА!" затоа што тоа е таа модерна политичка коректност. Јас како жена што живее во 21-ви век, го имам тој луксуз да набавувам козметика, да се шминкам и да уживам во тоа. Затоа што ми претставува задоволство. Затоа што шминката е уметност, мултимилионска индустрија и предизвикува пријатност. Да, знам дека претерана шминка е глупо, ама секое претерување е глупо. Ама тие што си дозволуваат да им судат на луѓето за начинот на кој што решиле да се претстават се најглупи.

Ова не е правдање затоа што уопште не ми паѓа на памет дека е можно и нормално некој да се правда затоа што се шминка. Нити па се бранам себеси и мојот избор. Не е ни напад на сите што одлучиле дека шминката едноставно не е за нив.

Ова е директно обраќање до сите што МИСЛАТ дека СМЕАТ да си дозволат да напаѓаат некого затоа што користи шминка. Глупи сте, плитки, и све обратно од особините што сите мораме обавезно, по секоја цена да чуеме дека ги имате. Затоа што сте вие гласни на интернет, затоа што сегде кажуете колку сте слободоумни, прогресивни, паметни, начитани, нашетани, нагледани филмови, наслушани Дејвид Боуви, све сте нешто напредни, све нешто осудувате ограниченост.

Ограничени сте и гадни особи. Ништо поарно од хомофоби, расисти и останати луѓе што треба да идат во специјални логори каде што ќе им се објаснува секој ден колку грешат додека не се научат дека не го измислија они светот. Стереотипот за убавина е наметнат, ама шминката постои многу пред индустријата што вие така жолчно ја мразите. Нели да не мразиме, а, слободумни и длабоки? Нели да ги прифаќаме различностите? Да не можеби мастурбирате при помислата на еден паралелен универзум, каде што една работна просторија е исполнета со луѓе како вас, што гледаат попреку на разубавување, па кога ќе влезе некој со шминка, на интервју за работа во вашата фирма, сите да го „прочитаат" одма? Демек, знаеме ти каков си, и за што си дојден, штом си натакнал од тој безбожен кармин. Ако сакаш да бидеш сфатен сериозно, ќе си почнеш од наредна недела, таман да има време да ти пораснат веѓите и брковите што така бесрамно ти се средени. Ќе ги фрлиш тие лаковани кондури и ќе си облечеш нешто неупадливо, и на што личи оваа официјална гардероба? Намерно ли ти се тесни панталоните? Зашто даваш пари на фризер, мислиш дека тука примаме луѓе што одвојуваат време на такви безначајни работи? Ало бре, у Африка умираат деца, курво. Овде примаме луѓе што многу читаат поезија, имаат мислење за се, плачат на фотографии од паднати лисја, мажи кои споделуваат ултра-паметни постови на Фејсбук и жени кои искрено и со жар зборат за своите физиолошки потреби. Нашите вработени го ценат природниот мирис на нивното тело, а во нивните домови не постојат апарати за депилација. Немаат време за баналности како прифаќање и сакање на својот физички изглед.

Ало, мојот физички изглед е единствениот физички изглед што ќе го имам во животот. Има да го сакам и да правам јас што сакам со него.
Ако сакам да направам пластична операција ќе направам.
Ако сакам да шетам по гаќи - ќе шетам.
Можете и вие што сакате да праите, ваш си е.

Видовте што напишав последно?
Можете што сакате да правите. Не да праите како мене. Туку што сакате.

Rant over.

Статијата е напишана затоа што авторот залута во некоја мрачна страна на интернетот каде што царува makeup shaming.

За време на пишувањето, авторот имаше плав, ПЛАВ! туш за очи. И плава маскара.

Јана

мејл: nultapozitiv@yahoo.com
Твитер
Инстаграм 

13 јануари 2016 - 01:50