Се јавувам јас во демек многу организираната институција, да си закажам термин за сликање, а они како најорганизирани у свет, па и Белгија да ни позавиди ми викаат „понеделник, 18:54, кабина 16". Ух, богами баш белгиски се осетив, пеес-четири еј. Они све у секунда завршуваат, демек, толку се организирани, па гордо го даваат претенциозното време од ШЕСТ минути до седум. Возбудливо.
Доаѓа понеделник, одам на сликање, и начекувам ред. Луѓе стојат по скали, сите уредно внесени во новиот, лидерски во регионот, модерен систем за закажување, и стојат така, со по две деца, со по бебе од 3 месеци, кој за пасош, кој за лична карта, кој од 5:10, кој од 6:15, ја од 6:54, и сите така на скали, а саатот веќе 7 попладне. Викам, извинете, која е кабина 16, и они сите филмски се тргаат на страна сите и ми ја покажуваат единствената врата пред која се чека, и на која се закачени три листа, А4 формат со бројки: 15, 16, 17.
А, таа ли е.
Дојде и 7ипол. Кај е сеа тоа полата Македонија напикана у администрација да ме слика за лична карта? Или барем да го слика за пасош бебето што чекаше СААТ И ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТ МИНУТИ?
Но, тоа не е сè.
Доаѓа 7:55. Искача рандом раководител и вика, ништо, ќе мора да дојдете у среда. Зашо да доеме у среда? Па зашо ќе снема систем сеа, до 8 работи.
НЕМА ВЕЗЕ, што некој одвоил време, платил паркинг, се спотерал сосе бебе или дете да дојде. НЕМА ВЕЗЕ што ти пропаѓа попладнето испотен во едно неспособно, непрофесионално и идиотско опкружување.
НЕМА ВЕЗЕ што за да дојдеш во среда треба да искочиш од работа, или да земеш слободен ден, ИЛИ ЕДНОСТАВНО САКАШ ДА НЕ СЕДИШ ПРЕД НЕЧИЈА КАНЦЕЛАРИЈА ОД САБАЈЛЕ ПО ВТОР ПАТ ВО НЕДЕЛАТА.
Не може денес, и готово.
Но, тоа сè уште не е сè.
Одам денес, и го начекувам истиот ред, прошаран со луѓе од понеделникот и со по некои нови. Објаснувањето гласи „не важи тоа закажаното, кој како фатил ред..."
НЕЛИ МОДЕРНИ? НЕЛИ ПЕЕС-ЧЕТИРИ? Таква една неподнослива неспособност, таква општа инептократија, али добро, си викаш, дојдов, ќе чекам, па бар ќе заврши ДЕНЕС.
Ќе заврши ДЕНЕС, како тоа утопистички звучи.
На општ хорор, искача службеник од неозначена кабина и вика, „неаме тонер, боље идете си вие сите у телевизија."
Слушаш, станува смешно, па станува очајно, па осеќаш и како ти се размачкува шминката, пошо покрај тонер, нема ни клима. Почнаа да се слушаат „ама ја искочив од работа..." али тоа е. Во државна институција што зависи од луѓето што дошле да си завршат работа во неа, снемува факинг тонер. Претходно снемува време. А општо, снемува нерви. И после зашто сме ко робијаши на сликите. Мене личната карта ми треба за у две институции во септември, иначе знаете кога ПАК ќе се вратев таму?
НИКАД.
Пасошот ми важи до 2025-та. Ќе размишљав што да праам во 2025-та. Е, така.
...Да ја завршам шалтерскава голгота со приказна:
The London Dungeon е еден, као музеј во Лондон, со гадни работи. Внатре се собрани и изложени сите справи за мачење од the dark ages, претставени сите чуми и сите језиви начини на кои што луѓето умирале во среден век. Од wheel of torture, до восочни фигури што повраќаат, поцрнети од чума, кладата со Јованка Орлеанка на неа, сите жртви на Џек Мевосек со секое нивно истурено црево, амфитеатри каде што ти си студент и доле гледаш викторијанска аутопсија, глувци, стаорци, гилотини, стрелање, судења... Еден одличен доживљај за луѓе како мене што на петгодишна возраст го откриле и го засакале хорор жанрот.
Во една од просториите, пуштаат групи од по 10-15 души, на симулирано судење, со судиите качени на спрат, со перики, со сите нишани. Те испрашуваат и ти се дерат како да си осуден, па божем ќе те праќаат на бесење, сечење екстремитети или неколкудневно мачење. Годината беше 2001-ва, прилично стресна во нашата понова историја, а цел свет веќе не има поради тој стрес запознаено од вести. На татко ми му се здосадува од судењето и прави еден чекор накај другата просторија, еден од страшните судии го приметува и, сè уште во улога - почнува да го кара.
„Господине, кај тргнавте?"
„Натаму."
„Кажете од каде сте."
„Од Македонија."
Судијата прави фаца као „ух", као „Боже сачувај" и си рече „О, Боже Господе." Па се обрати на целата група:
„Луѓе, најфино вие да го следите човекот од Македонија, он ќе ве однесе кај што треба да идете."
Да потсетам, одиме повнатре во музејот, да сведочиме на уште човечки маки.
Општо смеење.
Поминаа 15 години, а шалата на судијата сè уште важи.
Со среќа по шалтери,
Јана