Добар и совесен професионалец може да ви помогне да им пружите добра нега на вашите дрвја, како и третман за да се намалат ризиците од некои кои се опасни. Можеби ќе ви предложи:
- Дислоцирање на „целите“ (потенцијалните „мети“). Куќата можеби не може, но гаражите, настрешниците, масите, клупите, или други предмети може да се преместат.
- Кроење (отстранување на проблематичните гранки). Имајте на ум дека нестручното кроење може да ја влоши состојбата, и дека дрвјата се долгорочна инвестиција во вашето задоволство.
- Имобилизирање. Ова се специјални техники. Имајте на ум дека не се гаранција за 100% отстранување на хазардната ситуација.
- Сечење на опасното дрво. Некои дрвја се преголем ризик за да се толерираат. Ако има услови, засадете ново дрво на соодветно место како замена за исеченото.
Запамтете дека ќе избегнете многу потенцијални опасни ситуации во иднина:
- Ако внимателно ги бирате и обликувате вашето нови растенија.
- Ако кога правите план за хортикултурно уредување вклучите и арборист/-и (барем за консултација).
- Не заборавајте на добра нега на редовна основа. И на големите дрвја понекогаш им се потребни вода и прихрана, а секако мулч и навремено кроење. Така се унапредува здравјето на сите дрвја и се создава безбедна атмосфера на долги патеки.
Една уште поспецифична ситуација е сечење на потполно мртво дрво. Ако квалификувано лице сече вакво дрво во ваш двор, некои прашања кои би го интересирале се:
- Колку долго е мртво?
- Колку години имало кога умрело?
- Како умрело? (наеднаш или постепено)?
- Кој вид дрво е? (можеби и нема да ве праша за ова)
- Во какви услови на месторастење било? (влага и светлина)
- Имало ли некоја промена во условите? (доградба, насип, ископ)
- Каква му е кората (дали се лупи)?
- Паѓаат ли гранки (помали или поголеми) од него?
- Крцка ли на ветар?
- Има ли трулеж?
- Дали е „скаменето“? (тврдо и со сив сјај, без воопшто вода)
- Во каква состојба е коренот?
Некои одговори мора сам да ги дознае, но ако нешто знаете, имате морална одговорност да кажете и сами!
Сечење мртво дрво над куќа
Не заборавајте: ако нема „цел“, ниедно дрво не е опасност и може да се остави да си умира полека, да се крши гранка по гранка и парче по парче, зашто и такво е многу корисно.
Хазардно дрво
Безопасно дрво во фаза на умирање
Ако ве интересира нешто повеќе, слободно пишете ми.
Дејан - дрвосечач и градинар на ФБ