Таг: мртво дрво

Стресот од сечењето опасно дрво

Во претходната статија пишував општо за хазардните дрвја. Во оваа ќе кажам како да се справиме со нив. Од сите дрва што еден професионален дрвосечач некогаш ќе треба да ги одржува или сече овие ќе му направат најголем стрес, а понекогаш и на сопствениците на такви дрвја, ако се воопшто свесни за опасноста.

Хазардни дрвја

Некои од нас што имаме силни чувства кон дрвјата и шумите, мора да си ги урамнотежиме тие чувства со разумот. Фактите велат дека, иако се долговечни, дрвјата сепак си имаат крај, време кога откажуваат животните функции и тие побрзо или побавно се распаѓаат, умираат. Ако не го сфатиме исправно ова, може да отидеме во друга крајност – да чуваме дрвја кои се опасни по живот! Некаде се оди на суд за ова. А, ако некој човек или дете настрада поради наше дрво кое по секоја цена сме го чувале, предоцна е веќе за суд...