Се проценува дека некаде околу 1976 човековата цивилизација почнува маршира кон денешното дебелеење, и од тогаш не сме застанати. Едно од објаснувањата што Американците го имаат за ваквата ситуација е дека сега се јаде повеќе, или дека храната во 1970-те не била вкусна или била поскапа, а продавниците и рестораните затвораат покасно.
Официјалните бројки не се баш наклонети кон овие урбани легенди и покажуваат дека денес Американецот во просек внесува 2.130 калории, бројка која вклучува и благо и алкохол. Наспроти ова статистиката од 1976 покажува дека тогаш просекот бил 2.280 калории на ден без благи и алкохол, или 2590 кога и тие ќе се вклучат.
Статистиките подеднакво не ја поддржуваат ни теоријата дека килажата се должи на падот на мануелниот труд, бидејќи по ново возрасните кои се дел од неквалификуваната работна сила е 4 до 5 пати поверојатно да бидат класификувани како морбидно дебели. Слично не држи и теоријата дека денес повеќе се користи автомобил, отколку велосипед и пешачење до работа или до каде и да е.
„Тогаш што се случи? Целата работа станува многу појасна кога подетално ќе ги загледаш прехранбените бројки. Да, во 1976 јадевме повеќе, ама поинаку. Денес купуваме 50% помалку свежо млеко по човек, меѓутоа пет пат повеќе јогурт, три пати повеќе сладолед и - пази ова - 39 пати повеќе млечни десерти. Денес купуваме 50% помалку јајца отколку во 1976, ама три пати повеќе корнфлекс и два пати повеќе ужинки од корнфлекс; 50% помалку компир ама три пати повеќе чипс,“ објаснува Џорџ Мобио во Гардијан.
Авторот на серијата документарци „The Men Who Made Us Fat“, Жак Перети, објаснува дека прехранбените компании имаат инвестирано огромни суми во создавање производи кои користат шеќер со цел да ги бајпасираат нашите вградени механизми за контрола на апетитот. Сето ова засилено со пакување и промоција која ги соборува и последните бедеми на нашата одбрана.
„Тие ангажираат армија научници за храна и психолози за да нè прелажат да јадеме повеќе отколку што ни е потребно, додека нивниот маркетинг ги користи најновите достигнувања во неврологијата за надминување на нашиот отпор.
Тие ангажираат научници и тинк-тенкови за да нè збунат околу причините за дебелината.
Плус на сето ова, исто како што тутунските компании направија со пушењето, тие ја промовираат идејата дека тежината е прашање на ’лична одговорност’. Откако потрошија милијарди за совладување на нашата волја, тие нас нè обвинуваат што не ја користиме,“ пишува Мобио.
Токму ова последното, околу личната одговорност, е доминанта позиција и кај јавноста и кај политичарите (иако не е кај научната фела). Според студија објавена во Лансет над 90% од политичарите веруваат дека „личната мотивација“ има голема одговорност за растот на дебелината.
„Исто како што невработените се обвинети системската невработеност, а задолжените луѓе се обвинети за невозможните трошоци за домување, дебелите се обвинети за овој проблем на општеството. Но во право се, треба да се покаже волја - од владите. Да, треба да се има лична одговорност - од политичарите. И да, треба да се спроведува контрола - над оние кои ги открија нашите слабости и безмилосно ги искористуваат,“ порачува Мобио.