Техниката е развиена од Кралскиот колеџ на Лондон, и таа во основа ги поттикнува забите сами да се поправаат. Во регуларна процедура проблематичното место на забот се чисти со бушење, а потоа се затвора со пломба. Во новиот третман, EAER (Electrically Accelerated and Enhanced Remineralisation) во основа се забрзува природното снабдување со калциум и фосфат на оштетениот заб.
Станува збор за процес од два чекора. Во првиот се подготвува оштетеното место, за во вториот со помош на слаба струја почнува потребните минерали да се пренесуваат до оштетеното место. Технологијата се очекува да биде комерцијално достапна во рок до 3 години.
Оваа процедура би чинела исто како и денешниот третман на расипани заби, а дополнително би можела да се користи и за белеење на забите.