Најновите бустери нема да се тестирани на луѓе

Се очекува американската Агенција за храна и лекови неделава да одобри нови бустери за ковид-19 пред тие да бидат тестирана на луѓе. „Непријатно ми е кога ќе помислам дека на луѓе ќе им дадеме десетици милиони вакцини за кои ќе имаме само податоци за глувци“, вели еден експерт.

Најновата генерација бустери се слични на вакцините кои во моментов се достапни во САД но во себе содржат модификации кои примателите треба да ги штитат од најновата верзија на омикрон варијантата.

Наместо да чека податоци од тестирање на луѓе за да ги процени најновите бустери, Агенцијата ќе користи податоци од испитувања на глувци како и евиденција од реалниот свет за безбедноста на моментално достапните вакцини и бустери дизајнирани за постарите соеви.

„Доказите од реалниот свет од актуелните мРНК вакцини за ковид кои се администрирани на милиони поединци, ни покажуваат дека вакцините се безбедни“, напиша комесарот на агенцијата, доктор Роберт Калиф.

Тој тврди дека претходното искуство покажува оти можат да се прават промени во нишките на вакцините без да се влијае на нивната безбедност. Таквите промени, без менување на состојките, била пракса и кај вакцините за грип.

Сепак, здравствени експерти не се сигурни дека нови дози треба да се пуштаат без да се комплетираат човечките тестирања. Во јуни, двајца високи авторитети потпишаа заедничко барање агенцијата да не брза со одобрување нови варијанти на бустерите. 

„Непријатно ми е кога ќе помислам дека на луѓе ќе им дадеме десетици милиони дози и притоа ќе се потпираме само на податоци за глувци,“ напиша Пол Офит.

Тој е советник во агенцијата и директор на вакцинален центар во Филаделфија и тврди дека споредбите меѓу вакцините за ковид и за грип не се адекватни поради разликите во мутациите и нивоата на заштита.

8 септември 2022 - 14:50