Мала генетска мутација во варијанта на новиот коронавирус која циркулира во Европа и САД значајно ја зголемила способноста на вирусот да заразува човечки клетки, покажуваат експериментите на луѓето од наведениот истражувачки центар.
„Вирусот кој ја има оваа мутација е многу позаразен од оние кои ги тестиравме а кои не минале низ генетската трансформација“, вели доктор Хајрин Хо, еден од авторите на студијата.
Мутацијата првенствено се однесува на зголемувањето на бројот на функционалните шилци кои вирусот го има на својата површина. Преку нив короната се залепува и ја заразува клетката, поконкретно, токму преку тие шилци вирусот успева да ги отвори рецепторите ACE2.
„Бројот, односно густината на овие шилци знае да биде четири - пет пати поголем заради оваа мутација“, велат истражувачите.
Не па дека некој од озбилниве им веруваат: